Експеримент: Покажете им на децата како бегаат вирусите од сапунот! (ВИДЕО)

Една учителка од Мајами со помош на црн пипер им објаснила на децата зошто е важно да се мијат рацете. Направете го и вие овој едноставен експеримент со црн пипер и сапун.

0
827

Во последните неколку недели сите одново ја научивме важноста на миењето раце. Пандемијата на коронавирус ги натера луѓето да се грижат повеќе за сопствената хигиена, но да ги принудите децата постојано да ги мијат рацете темелно, може да биде тешко.

За да им ја објасни важноста на миењето на рацете, Аманда Лоренцо од Мајами направила едноставен експеримент со помош на нешто што сите го имаме дома – црн пипер.

Видеото од овој експеримент брзо стана едно од најпопуларните.

Во чинија со вода таа истурила црн пипер за да демонстрира што е вирус. Потоа, побарала од еден ученик да го натопи прстот и го прашала остатокот од одделението дали гледаат како нешто се движи. Сите се согласиле дека не гледаат, но дека малку пипер останал на прстот на девојчето.

Девојчето потоа го натопило прстот во сапун и кога го вратило во чинијата со вода и пипер, пиперот буквално се одделил на другата страна на чинијата. „Учиме за важноста на миењето раце. Посакувам сите да можат да ги видат шокираните лица на децата во моментот кога сфатија дека „вирусот“ (црниот пипер) се оддалечува од сапунот. Забавно и информативно “, напишала  таа покрај видеото кое го објавила на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]