Едукативно видео со порно ѕвезди (ВИДЕО)

Рекламата со која Владата на Нов Зеланд ги охрабрува родителите да разговараат со своите деца за порнографијата, стана хит ширум светот.

0
591

Откако последниот извештај покажал дека тинејџерите во Нов Зеланд првенствено користат интернет за да дознаат сѐ што ги интересира за сексуалниот живот, се чини дека експертите пронашле начин да го привлечат вниманието на јавноста кон тоа.

Во оваа необична реклама, ѕвездите на филмовите за возрасни, Сју и Дерек, се појавуваат во куќата на момче кое ги гледа нивните филмови на Интернет, пишува Инсајдер. Вратата ја отвора неговата шокирана мајка која потоа дознава дека момчето го користи својот мобилен телефон, мобилните телефони на неговите родители, Плејстејшн, компјутер и друга технологија за да гледа филмови за возрасни.

„Можеби не знае како функционираат љубовните врски“, ја предупредуваат мајката ѕвездите на порнографските филмови пред нејзината врата, додавајќи дека и тие самите не се однесуваат така во реалниот живот.

По првичниот шок, мајката му вели на својот син: „Се чини дека е време да разговараме за разликата помеѓу она што го гледаш на Интернет и врските во реалниот живот“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]