Аманда Морган речиси се разболела кога на руска веб-страница за возрасни открила три ретуширани фотографии од нејзината ќерка, која тогаш имала само шест месеци. Таа објавила сè на Инстаграм, но фотографиите не биле отстранети.
Изгледа дека некој ги украл фотографиите од нејзината ќерка што таа ги објавила на Инстаграм и ги објавил на страница на која има илјадници корисници од целиот свет.
„Другите родители ми јавуваа дека има фотографии од ќерка ми на Интернет, а јас си мислев зошто пак не би требало да ги има. Тие ме прават среќна, а јас сакам да се потсетувам на убавите моменти. Фотографиите невино кружеа по страниците за бебиња, а потоа завршија во погрешни раце. Неконтролирано плачев 45 минути кога сфатив што направил некој со нив“, рекла оваа мајка.
Како што вели, нејзиниот партнер се обидувал да ја смири.
„На таа страница се наоѓаат три фотографии од мојата ќерка, со шминка, а јас никогаш не би го сторила тоа. Тие ја смениле бојата на нејзините очи, ѝ додале трепки и кармин. Коментарите беа благи во споредба со сето она што може да се најде тука. Почнав да повраќам и не можев да спијам нормално откако се случи тоа“, додала таа.
Аманда создала лажен профил на контроверзната страница за возрасни и била згрозена од содржината.
„Има стотици фотографии на деца. Има голем број корисници. Некои дури имаат прекар како „baby abuser“ (злоупотребувач на бебиња). Никогаш не сум видела такво нешто. Ми се лоши од ова и жал ми е за тие деца”, вели Аманда.
Таа одлучила да проговори јавно за ова, за да ги предупреди другите родители.
„Нема да му помогне на никого ако молчам за тоа. Морам да ги освестам луѓето дека постојат вакви страници. Од тогаш, моите профили на социјалните мрежи не се јавни. Има фотографии од деца кои се капат, подобро е да ги задржите за себе бидејќи не знаете каде ќе завршат”, предупредува таа.
Според Daily Star, полицијата од Мерсисајд потврдила дека „истражува случај на пријава на фотографии на двегодишно дете, кои биле објавени на една веб-страница без согласност“.
Фото: Pexels