Една мајка објаснила зошто кучињата ги касаат децата и ги предупредила родителите

Мајката и полицајка за заштита на животни, Оливиа Пејџ објаснила зошто родителите мораат постојано да ги надзираат детето и кучето, како и колку е важно да се едуцираат. Дали вие имате домашен миленик - куче и какво е вашето искуство?

0
516

Мајката Оливиа Пејџ објавила интересен текст за децата и домашните миленици, а она што секогаш ѝ пречи се фотографиите на бебе и куче. Не затоа што мрази животни или бебиња (и самата има две куќиња), туку затоа што забележала дека родителите не ги разбираат работите врзан за домашните миленици. Иливиа работи како полицајка за заштита на животните во Канада и дел од нејзината работа е да ги едуцира луѓето за превенција од касањето на кучињата. Значи, оваа љубителка на кучиња знае дека многу родители и сопственици на кучиња претпоставуваат дека кучето не претставува опасност за нивното дете „ако добро го воспитате“ и сака луѓето да знаат дека тоа едноставно не е вистина.

Колку ги интересира родителите оваа тема може да се види и по тоа што нејзиниот пост на Фејсбук е споделен повеќе од 43 илјади пати, а има повеќе од три илјади коментари. Петнаесетмесечниот внук на Оливиа Харисон, живее со неа и нејзиниото семејство, а таа објаснила дека неговата безбедност не го вклучува само она што таа го учи нејзиниот германски овчар и детето.

„Германскиот овчар Модок е стар 7 години и пораснал со деца, не е агресивен околу храната и играчките. Харисон го одгледуваме така да ги почитува животните. Но Модок е куче, а Харисон е бебе“, напишала таа на Фејсбук.

„Бебињата мораат да бидат надгледувани цело време кога се со куче, а не смо да се пуштат со него“, додала таа.

Само затоа што Оливиа знае дека е Модок „одличен пес“ не значи дека не поставила граници со Харисон. Не му дозволува да лежи на него или да го гушка, да си игра со неговата опашка или со шепите, или пак да се врти околу него и храната додека кучето јаде.

„Луѓето мораат да знаат да ги препознаат знаците на стрес кај кучето. Моите кучиња не мораат да бидат толерантни кога некој ги вознемирува, а можам да ви кажам од искуство дека секој пес си има своја „точка на пукање“ и секој пес може да гризне.

Возрасните мораат да ги научат децата да бидат безбедни и да ги почитуваат кучињата, како и да ги едуцираат за однесувањето на кучињата и за говорот на телото за да спречат она што може да се спречи“, напишала понатаму.

Иако Модок и Харисон се најдобри пријатели, Оливиа знае колку е важно постојано да се надзираат и да се постават граници. „Тажен дел кај каснувањето на куче е што обично станува збор за семејно куче. Но кога ќе ги погледнете фотографиите или видеата, кучето обичо давало јасни знаци дека му е непријатно и сопствениците не биле доволно едуцирани за да го препознаат говорот на телото  да ги разберат сигналите“, објаснила Оливија за порталот CafeMoM. Иако станува збор за чувствителна тема, Оливија сака да зборува за да се спречат повредите на децата. „За среќа, со малку свесност, родителите можат да се едуцираат како подобро да го разберат кучето и да ја обезбедат безбедноста за детето и за кучето“, вели таа на крајот.

Фото Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]