Единците не се разгалени и скржави, а често израснуваат позадоволни

Децата кои раснат сами се во добивка затоа што имаат неподелено родителско внимание, а поради отсуството на борбата за внимание им се развива чувството за сопствената вредност и самодоверба.

0
113

Чести се предрасудите за децата кои растат без браќа и сестри – разгалени, навикнати на внимание, не знаат да делат… Но од друга страна, истражувањата покажале дека тоа има и некои предности.

Според некои, единците се дури и посреќни затоа што третина од децаѕа во поголемите семејства се жалат на малтретирање од постариот брат или сестра.

Психологот Сузан Њуман, која напишала книга за задачите на родителите со едно дете, вели дека карактерот на детето нема многу врска со тоа дали растело само или со браќа и сестри.

Најраспространет мит е тоа дека единците се разгалени. Но дека тоа не е баш така, оди во прилог и фактот дека прилични разгалени деца има и во семејствата со повеќе браќа и сестри, главно, оние помладите. Њуман истакнува дека бројни истражувања во последните 30 години ги урнале митовите за единсците и докажале дека тие не се разликуваат во однесувањето од врсниците.

Нивното однесување во голем дел зависи од воспитувањето. Понатаму, долго се сметало дека се единсците помалку комуникативни од децата кои имаат браќа, но тие деца, комуниколошки гледано, најнормално се развиваат затоа што имаат интеракција со други деца во паркот, во градинка, во училиште или во играта. Нивната предност е и тоа што поминуваат повеќе време во разговор со родителите, но и со други возрасни, а подлабоките интеракции позитивно делуваат на развојот. Следниот мит е дека единците се осамени, но како што нагласува психологот Њуман, вистината е сосема поинаква.

Сфаќањето на сопственото детство ни помага во воспитувањето на детето. Истражувањето спроведено во 2010.година во Велика Британија покажало дека многу деца кои биле жртви на малтретирање од постарите браќа и сестри биле всушност длабоко несреќни за разлика од единците кои се поштедени од такви негативни искуства.

Исто така, одамна научиле сами себе да се забавуваат и да се заиграт па не се чувствуваат осамено. Стереотип е дека децата единци им шефуваат на сите околу себе затоа што навикнале да бидат во центарот на вниманието. Шефувањето и наредувањето на другите, токму како и разгаленоста, еднакво постојат и во семејствата со повеќе деца.

Контра овој мит зборува и фактот дека единците  најчесто сакаат да бидат во друштво на други деца токму затоа што немаат браќа и сестри па повеќе од другите се трудат да бидат прифатени во играта и воопшто во друштвото. Со единците често се врзува митот и дека пребаруваат, Како што наведува Њумен, детето е толку толку захтевно колку што му дозволуваат родителите, односно, како ќе се постават кон него и како ќе го воспитуваат. Родителите на две или на повеќе деца најдобро гледаат колку карактерот влијае на детето и колку истото воспитување не е применливо на сите еднакво.

Она пд што единците во семејството дефинитивно профитираат е неподеленото родителско внимание и изостанокот на борба за истото. Со оглед на тоа што е фокусот секогаш на нив, им се развива чувство за сопствената вредност и самодоверба. Исто така, со оглед на тоа што никој не ги споредува со достигнувањата на братот или сестрата, сопствените достигнувања си ги припишуваат исклучиво на себе, а тоа исто така придонесува за јакнење на самодовербата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]