Во последно време сè попопуларно е шведското воспитување, кое се фокусира на тоа да е сè во рамнотежа и едноставно, но луѓето почнуваат да го истражуваат и еврејскиот метод, кој се заснова на правила што мора строго да се почитуваат за децата да прераснат во самоуверени, успешни и ментално силни луѓе.
Еве ги златните правила што важат кога станува збор за еврејскиот метод на воспитување.
1. Не им создавајте комплекси на децата
Евреите никогаш нема да ги прекоруваат своите деца велејќи им: „Не си сторил добро“, туку ќе речат: „Како може добро дете како тебе да направи таква грешка?“
Ставот на еврејските мајки најчесто е дека нивните деца немаат и не можат да имаат недостатоци. Дури и да ги забележат, никој друг нема да знае за нив.
2. Обезбедете им слобода во разумна количина
Еврејското воспитување комбинира строги правила и слобода. Родителите добро ќе ги научат своите деца колку далеку можат да одат, преку разговор и јасни објаснувања.
3. Фалете го детето што е можно почесто
Родителите кои го следат овој метод ги фалат своите деца секогаш кога е можно. Тие забележуваат дури и најмали детали и ги поттикнуваат да се однесуваат добро. Тие веруваат дека е важно да им ги фалат децата на пријателите и да се обидат децата тоа да го слушнат затоа што веруваат дека тоа ја зајакнува нивната самодоверба и желба за успех.
4. Покажете им на децата што е добро со вашиот пример
Ова правило е многу едноставно и јасно. Во еврејската култура се верува дека родителот мора да биде добар пример затоа што децата го имитираат она што го гледаат.
5. Покажете им на децата љубов и почит
Следејќи го претходното правило, еврејскиот метод на воспитување вели дека детето мора да порасне во здрава заедница, опкружено со љубов и заедништво, за да прерасне во личност полна со самодоверба.
6. Усовршете се себеси
Еврејските психолози развиле систем на воспитување со кој секој родител може да се запознае преку курсеви. Тие веруваат дека за добро воспитување клучно самоусовршувањето на родителите. Така и децата воочуваат дека континуираното учење е клучот за успехот.
7. Научете ги децата мудро да го користат времето
Еврејските деца не знаат што е безделничење. Тие имаат многу активности и уште од рана возраст ги учат дека е нормално да бидат зафатени и мудро да го трошат своето време.
Фото: Pexels