Секоја нова генерација тинејџери излегува со нешто ново за да покаже колку е кул, а во последно време ова подразбира различни предизвици. За жал, ова често вклучува опасни активности.
Иако повеќето родители се надеваат дека баш нивниот тинејџер никогаш нема да биде толку наивен и неинформиран за да проба вакви „предизвици“, сепак треба да разговараат со нив.
Зошто тинејџерите ги привлекуваат ваквите трендови и предизвици?
Тешко е да се спречат тинејџерите да се занимаваат со опасни активности, вели др. Нина С. Монтс.
„И покрај напорите да им се дадат на тинејџерите информации за ризично однесување, многу адолесценти продолжуваат да се однесуваат ризично“, напишала др. Монтс во списанието Psychology Today.
Исто така, сето ова ги прави социјалните медиуми полоши од кога било досега.
„Едно нешто што ме засега е анонимноста на социјалните медиуми. Дури и како возрасни, никогаш не знаето кој е на другиот крај”, изјавила за Mom.com Робин Рејнолдс, мајка на ќерка тинејџерка, додавајќи: „Децата се многу лековерни и веруваат во она што им се кажува“.
Многу тинејџери веруваат дека ова се безопасни трендови без значителни последици. Но, задолжително следете ги активностите на Интернет на вашиот тинејџер и запознајте ги нивните пријатели. Проактивноста е вашиот најдобар сојузник во спречувањето несреќи.
Еве опасни тинејџерски трендови и предизвици кои се моментални актуелни, од едноставни до целосно опасни – за кои треба да знаете.
1. Вшмркување кондоми
Ова е едноставно одвратен тренд, кој е, за жал, популарен меѓу младите. Задачата е да земете кондом и да го вшмркнете низ ноздрата, а потоа да го извлечете преку устата. Ризици? Може да добиете синусна инфекција или да ги оштетите ткивата на синусот. Во најлош случај, можете да се задушите со заглавен кондом.
2. Виножито забави
Нека не ве залажува овој убав наслов на темата. Без разлика дали имате син или ќерка, треба да бидете загрижени ако слушнете нешто за виножито забави. Наводно, задачата е девојчињата да стават впечатлив кармин на усните за време на забавата и потоа орално да задоволат еден или повеќе тинејџери, оставајќи им како доказ „виножито бои“.
3. Предизвик со цимет
Ова може да изгледа како безопасен предизвик – голтање лажица цимет. Сепак, овој предизвик е поврзан со сериозни ризици. Бидејќи циметот ги суши и ги обложува устата и грлото, лицето може да почне да кашла, па дури и да повраќа. Финиот цимет во прав исто така може да се вдише, зголемувајќи ја можноста за инфекција или пневмонија.
4. Предизвик со лута пиперка
Тинејџерите ги тестираат своите ограничувања со конзумирање на најлутата пиперка што можат да ја најдат. Од такви пиперки е можно да се развијат чиреви и дупки во дигестивниот тракт.
5. Предизвик на сол и мраз
Тинејџерите исто така го прифаќаат овој предизвик, што честопати доведува до трајно оштетување на кожата. Тие се предизвикуваат едни со други да притиснат мешавина од сол и мраз врз кожата и потоа да го измерат времето за да проверат колку долго можат да го издржат пецкањето. Проблемот е што овој предизвик може да предизвика состојби на кои им е потребна лекарска помош. Ова е приближно лошо како идејата да лежите голи на снег преку ноќ, пишува Mom.com
6. Полнач и паричка
Во овој предизвик, тинејџерите земаат полнач за телефон и го приклучуваат на ѕид, но не до крај. Потоа ја вметнуваат паричката во просторот помеѓу ѕидот и полначот, предизвикувајќи краток спој со искрите. Постојат два проблеми: 1) можат да умрат од струен удар и 2) можат да предизвикаат пожар.
Фото: Pexels