Еве како се одвикнуваат децата од цуцла во Данска

Родителите ширум светот прибегнуваат кон различни техники на одвикнување, а оној што се практикува во Данска се покажал како исклучително ефикасен. Притоа е и многу декоративен.

0
581

Одвикнувањето од цуцла е тешко и за децата и за родителите. Таман кога ќе се навикнат дека не се умира без својата омилена цуцла и родителите ќе помислат дека се ослободиле од една грижа, децата ги бараат назад.

Честопати се случува мали деца на возраст од пет или шест години да побараат од нивните родители да им го вратат омиленото „средство за смирување“. И борбата почнува повторно.

Поради оваа причина, родителите ширум светот прибегнуваат кон различни техники на одвикнување, а оној што се практикува во Данска се покажал како исклучително ефикасен. Притоа е и многу декоративен.

Имено, во еден детски парк во Копенхаген, има дрвја каде што малите деца можат да ги обесат своите омилени и искористени „цуцли“ и со тоа симболично да се збогуваат со нив. Тие, исто така, оставаат пораки во кои опишуваат како и кога се одвикнале од цуцлите.

Овој прекрасен обичај е особено омилен од родителите, кои на своите деца им приредуваат мал свечен ритуал на „китење“.

Одвреме навреме, семејството доаѓа во паркот да го посети своето живописно дрво и да ужива во шаренилото на украси.

Фотографиите се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]