Неодамна една група мајки покренале иницијатива да се отфрли терминот „царски рез“ или „C-section“, како што го нарекуваат во САД, затоа што сметаат дека тој термин на некој начин го деградира искуството на мајките кои раѓаат со помош на хируршка интервенција во споредба со вагиналното породување.
Џордан Грисом била прилично разочарана кога дознала дека не може да се породи по природен пат. Царскиот рез бил последното нешто што го сакала кога дознала дека е бремена бидејќи, како што вели, била под влијание на предрасудите дека тоа не е „вистинско раѓање“. Но во тоа ја разуверила нејзината дула (личност која ѝ дава емотивна, физичка и психолошка поддршка и помош на родилката за време на породувањето), Флор Круз кога таквиот вид на породување го нарекла „стомачно раѓање“ или „раѓање од стомак“. Овој израз се однесува на царскиот рез, а е осмислен за зајакнување на жените кои можат да се чувствуваат како да го пропуштиле искуството на природното породување. Кога зборуваме за царски рез, тоа често се сфаќа на начин како нешто да ѝ се случило на жената, наместо како таа да направила нешто.
Меѓутоа, фразата „стомачно породување“ ѝ ја враќа на мајката моќта, тврдат жените кои ја почнале оваа иницијатива.
„За мене поимот „стомачно породување“ е токму она што е царскиот рез. Го раѓањето своето дете од стомак. Има многу жени кои се чувствуваат како да „пропуштиле“ нешто затоа што се породиле со царски рез, а тоа едноставно не е така. Користењето на поимот „стомачно породување“ укажува токму на главната поента, а тоа е дека и ние сме родиле“, вели 28-годишната Џордан.
Нејзината дула Флор Круз истакнува дека секогаш го употребува терминот „стомачно породување“. Објаснува дека и самата се породила со царски рез и дека во тој момент се чувствувала како да ѝ е одземена нејзината моќ. Но кога се сретнала со овој поим, ѝ се запалалила сијаличка во главата. Сега свесно се обидува да го користи тој термин, а открила дека тој освен што ги зајакнува мајките, пртедизвикува и љубопотност кај другите луѓе кои не се запознаени со него.
Преименувањето на „царскиот рез“ во „стомачно раѓање“ за неа е поттикнувачки потег затоа што прикажува позитивен јазик кој може да ги отстрани негативните стравови, уверувања и емоции заради таквиот вид на породувања.
Кога се вели „царски рез“, тоа повеќе укажува на хируршки зафат, отколку на убавината на раѓањето дете. А новиот назив им обезбедува на сите мајки да се чувствуваат рамноправно.