Малиот готвач Кејд е 2 години стар шеф на кујна кој ужива да готви речиси исто колку што ужива да јаде! Вака пишува на интернет страницата на овој мал симпатичен готвач, а ако почнете да ги гледате видеата на кој тој најчесто готви со својата мајка, или со неговата баба, не можете да престанете.
Малиот Кејд речиси сите состојки со кои тие готват, од брашното до живите јајца, шеќерот и се друго што во моментот им е потребно за да направат некој рецепт, упорно се обидува да ги пикне во уста. Такашто, готвењето со него е вистински рецепт за хаос во кујната, но и причина за спротивставени мислења меѓу оние што го следат.
Па така, додека на едни сето ова им е симпатично и велат дека е ова одличен начин за децата да го истражат светот, други коментираат дека малиот Кејд ‘очигледно треба да има дијагноза на нарушување во однесувањето’, како и дека тој нема да научи ништо ако неговите најблиски само седат, го гледаат и му се смеат.
Што мислите вие?
Фото: Инстаграм