Хронично заболување на кожата, познато како невродерматитис (кое се манифестира ко печати кои чешаат обично на задниот дел на вратот, предниот дел на глуждот и подлактиците), е значително почеста кај децата на разведени родители, велат од Германското здружение на алерголози и клинички имунолози.
„Овие деца се изложени на три пати поголем ризик од развој на невродерматитис од нивните врсници чии родители живеат заедно. Покрај тоа, стресот и психолошките проблеми имаат очигледно влијание врз функционирањето на имунолошкиот систем и можат да го влошат претходно постојниот невродерматитис“, вели Торстен Шафер, алерголог од Либек, кој со тим од колеги го проучувал влијанието на невработеноста, болестите или родителската раздвоеност врз 1.900 деца.
Наспроти разводот, губењето на работа на родителот не го зголемува ризикот од невродерматитис кај детето, а тешката болест во семејството дури го намалува ризикот од појава на ова кожно заболување, што било големо изненадување за истражувачите.
Можно објаснување е тоа што во случај на болест, членовите на семејството „ги збиваат редовите“, такашто детето добива поголемо внимание од родителите од вообичаеното. Невродерматитисот обично се јавува пред детето да наполни две години. Како и кај повеќето алергиски заболувања, овој ризик е поголем доколку едниот или обајцата родители страдале од истото.
Исто така, забележано е дека децата кои се доени во текот на првите шест месеци од животот се изложени на помал ризик од развој на невродерматитис.
Фото: Pexels