Мајка на три деца, Беки Стајлс, се извадила од памет кога видела огромна дупка во непцето на нејзиниот син Харви, додека му ја менувала пелената.
„Се обидов да го допрам, но тој врескаше. Почнав да плачам, да се тресам и да се потам“, изјавила оваа мајка за The Sun.
Дупчето ја загрижило, па побрзала во службата за итни случаи.
„Ги оставивме двете постари деца кај нивните баба и дедо и стасавме во најблиската болница за 30 минути“, додала таа.
Харви веднаш бил примен и испратен на специјалист за испитување. На докторот му било јасно за што станува збор веднаш што ја зел светилката за да може подобро да види што има на непцето на детето.
„Налепница е“, им рекол на испаничените родители по околу 30 секунди.
Мајката била запрепастена кога докторот ја извадил тркалезната налепница од устата на момчето и „дупчето“ го снемало.
Фото: Инстаграм