Држете ги батериите подалеку од децата

„Кога батеријата се внесува во организмот, таа почнува да еродира и да гори сè околу себе“, објаснила 39-годишната мајка од Лабок, Тексас, чија 17-месечна ќерка починала како последица од проголтана батерија. Од октомври до декември минатата година, малечкото девојче се соочило со две операции и многу медицински проблеми, но на крајот сепак ја изгубило битката

0
287

Мајка ги предупредува другите родители: мојата ќерка проголта батерија и почина

При крајот на октомври, на 17-месечното девојче по име Рис почнале да му свиркаат градите при дишењето. Нејзината мајка Триста Хамсмит ја однела на педијатар кој заклучил дека веројатно станува збор за болно грло.

Набргу потоа, загрижената мајка забележала дека недостасува батеријата од далечинскиот управувач. Преплавено од страв, семејството Хамсмит се упатило кон локалната Брза помош кадешто ја дознале поразителната вест: Рис ја проголтала малата батерија што создала дупка во нејзиниот хранопровод.

„Кога батеријата се внесува во организмот, таа почнува да еродира и да гори сè околу себе“, објаснила 39-годишната мајка од Лабок, Тексас. Покрај тоа, таа истакнала дека децата голтаат батерии многу почесто отколку што мислат повеќето луѓе.

Рис никогаш не се опоравила. Таа починала на 17 декември 2020 година.

„Оваа приказна треба да се раскаже“, рекла мајката на Рис. „Не мораше да се случи“.

Нејзиното девојче било исклучително разиграно и живо дете, кое сакало да биде во центарот на вниманието. Тоа е една од причините што Хамсмит била толку загрижена кога Рис кон крајот на октомври станала летаргична, засипнала и не можела да дише.

„Кога видов дека ја нема батеријата и кога веќе се посомневавме дека можеби ја голтнала, ѝ направија рентген и потврдија дека батеријата е таму. Итно ја оперираа за да ја извадат батеријата“, се присетува таа.

Откако Рис Хамсмит ја проголтала батеријата, се соочила со сериозни медицински предизвици, вклучувајќи потешкотии со хранењето и тешкотии при дишењето.

Откако била итно оперирана, по краткиот престој во болница била пуштена дома. Неколку дена подоцна, семејството Хамсмит се вратило во Ургентниот центар кога состојбата на Рис повторно се влошила. Хирургот повторно направил КТ.

„Открија дека е создадена фистула која е како премин. Ѝ се создала дупка низ душникот и хранопроводот. Кога се формирал тој тунел, се овозможило воздухот да оди таму кадешто не требаше да оди. Храната и пијалокот исто така одеа таму кадешто не требаше”, вели мајката.

Лекарите се надевале дека хранењето со сонда ќе му помогне на девојчето да се опорави, но на почетокот на декември заклучиле дека ѝ е потребна операција за поправка на фистулата. Операцијата поминала добро и по неколку недели девојчето можело да дише самостојно.

Еден ден Хамсмит се оддалечила од болничкиот кревет на нејзината ќерка неколку минути. Додека се враќала кон собата, забележала дека ходниците во болницата се празни. Тоа било знак дека некој има проблеми. Се шокирала кога влегла во собата на нејзината ќерка и сфатила дека лицето во неволја е всушност нејзиното девојче. Лекарите ја реанимирале и подоцна ѝ објасниле дека нејзината Рис не е доволно силна да дише сама па ја вратиле на респиратор.

Но, само три дена подоцна нејзините витални знаци почнале нагло да опаѓаат. За жал, следниот обид да ја оживеат нејзината ќерка бил неуспешен.

Хамсмит вели дека сака да се сподели приказната на Рис за другите родители да разберат колку се всушност опасни, овие тркалезни батерии. На крајот, таа се надева дека производителите ќе започнат со производство на побезбедни батерии, пишува Today.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]