Државното училиште во Хемпшир, Велика Британија гиотворило своите врати на Божиќ и обезбедило печена мисирка и сѐ друго што вообичаено се наоѓа на Божиќните трпези низ светот, за децата и нивните родители кои не можат да си го дозволат ова, со цел, ниту едно дете да не остане без божиќна вечера.
Шеесетина млади и деца и еднаков број на возрасни и пензионери уживале во мисирката и божиќните прилози во Хемпшир.Училиштето се наоѓа во сиромашното предградие Leigh Park, а божиќниот ручек бил финансиран од донации на хуманитарци и оволонтери меѓу кои има и голем број учители.
Локалните компании платиле и подароци за младите и забавна содржина, односно, посета на Дедо Мраз како и гумен дворец за скокање и играње.
„Божиќ прави притисок на семејствата со мали или со никакви приходи. На овој начин барем ќе знаеме дека се сите сити. За некои суштината на Божиќ е дружењето со семејството кое ги собира заедно на свечената трпеза. Тоа е и во нашиот фокус“, изјавил уравителот на училиштето Кристофер Андерс.
„Одлично е тоа што некои училишта ги отвараат своите врати за заедницата на празници па на тој налин сите можат да уживаат во семејно опкружување. Секое семејство би требало да може да го прослави Божиќ дома, но за жал, некои тоа не можат да си го дозволат“, додала Алисон Гарнхам од организацијата која се бори против сиромаштијата меѓу децата.
Во Велика Британија, една од најбогатите земји на светот, еден од пет жители работи, но сепак живее во сиромаштија, а тој проблем има влијание врз децата, нивното учење, концентрацијата и однесувањето.
Фото: Pixabey