#ArtofLivingBioShop центарот за ајурведа, јога и медитација и програмата на Ѕвездички, организира донаторска акција за прибирање на средства за набавка на безглутенска и безказеинска храна и спроведување на едукација за користење на ваквиот вид на храна.
Овие производи ќе бидат донирани на семејствата со деца со посебни потреби кои ги вклучуваат следниве состојби: аутизам, адхд, адд, дисфункционален развој и останати состојби кои имаат препорка и потреба за менување на исхраната во овој правец.
Акцијата се организира со цел да им се помогне на овие семејства бидејки потребата за ваква храна е еден од поважните аспекти во третирањето на овие состојби, а воедно и помош на семејството во едукација за начин на подготовка на овие производи кој понатаму треба да остане како константен начин на исхрана за децата.
Во склоп на оваа акција ќе се одржат и дополнителни активности: Работилници со нутриционист со долгогогодишно искуство во работа со деца со вакви состојби, едукативни работилници, работилници за самопомош, запознавање на семејствата со општите информации за посебноста на ваквиот вид на исхрана, подготовка на сите производи кои ќе бидат во пакетот со производи.
Целта е да се соберат средства за набавка на пакети со храна во вредност од 3000 денари по пакет за најмалку 50 семејства а, донациите може да бидат во форма на донација на парични средства, донација на безглутенска и бесказеинска храна која може да се остави во #ArtofLivingBioShop (на ул. „Св.Климент Охридски“ бр.48) и доколку некој сака да купи производи во самиот центар ќе може да го искористи намалението од 5% кој ќе му биде пресметан на каса.