Доктор ги сподели желбите на децата на умирање

Бидете љубезни и јадете сладолед, поминувајте повеќе време со својата фамилија, бидете среќни

0
569

Доктор Аластир Мекалпин (Alastair McAlpine) секојдневно поминува време со деца кај кои е дијагностицирана смртоносна болест. Тој одлучува мудроста и детскиот поглед на светот да ги сподели со светот.

Враќајќи се од работа Аластир често ги погледнува вестите, социјалните мрежи и целокупното однесување на луѓето и се иритира од нивниот негативизам. Затоа, овој јужно африкански доктор решава да пренесе малку позитивизам и инспиративните мисли на овие болни дечиња. Децата се на возраст од 4 до 9 девет години и сите знаат дека наскоро ќе умрат.

Со еден од првите твитови докторот открива што е она што овие деца не го посакуваат. И вели:

Никое од нив не посакува да гледа повеќе телевизија.
Никое од децата не посакува да поминува повеќе време на фејсбук.
Никое од децата не сака да се кара со другите.
Никое не ужива во болницата.

Наместо тоа децата зборуваат за луѓето и за животните кои најмногу ги сакаат.
Многу од нив се грижат за своите родители и за тоа како тие ќе се чувстуваат по нивната смрт. Сѐ почесто се слушаат зборовите: Се надевам дека на мама ќе ѝ биде добро, господ ќе ги чува мама и тато кога јас ќе заминам…
Ооо да, и јадете сладолед, вели докторот.

Докторот подвлекува што е она што децата го сакаат и се радуваат на животот. Сите сакаат ведрост и смеа, најмногу ги сакаат луѓето кои кај нив предизвикуваат радост и насмевки. Така од децата ќе слушнете: Најмногу сакам кога тато прави гримаси, многу е интересно како тој тоа го прави, или од друго: Моите пријатели се вистински пријатели, ним не им беше воопшто важно што мојата коса падна.

На крајот заклучува докторот со совети за родителите на деца кои го немаат овој проблем и можат да му се радуваат на животот. Бидете љубезни, читајте книги, Поминувајте повеќе време со вашите деца, кажувајте им вицеви, правете ги среќни, радувајте се заедно во насмевките, гушкајте ги вашите деца, кажувајте им на луѓето кои се околу вас колку многу ги сакате…. ааа да, и не заборавајте да јадете сладолед…

Неговите твитови предизвикаа големо внимание и голем одзив од луѓе од целиот свет кои заблагодарувајќи му се, му пишуваат лични пораки. Истиот за БиБиСи вели дека е среќен за предизвиканото внимание и ефектот од тоа врз децата и фамилииите признавајќи дека и самиот понекогаш паѓа во оваа негативна атмосфера, открива дека се инспирира од издржливоста на родителите на овие деца, кои остануваат во контакт со него и по смртта на своите деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]