Дознал дека има аутизам откако тој ѝ бил дијагностициран на неговата ќерка

„Јас сè уште ги правам истите работи што секогаш ги правев, но ги правам поинаку, со поголема свесност. Дијагнозата ви дава подобра алатка за се справите со секојдневниот живот“, вели овој сопруг и татко на четири девојчиња од кои две се со аутизам

0
1386
Jessica Offer

За Крис и Џесика Офер од Австралија, дијагностицирањето на нарушување од спектарот на аутизмот кај нивната ќерка довело до уште едно важно откритие.

„Мојот сопруг е 33-годишен маж. Тој исто така е аутистичен“, пишува Џесика на нејзиниот блог „Girl Tribe“.

Во постот мајката објаснува како Крис се дијагностицирал како родител со аутизам откако дознале дека се родители на дете со аутизам.
„Бевме заедно седум години пред да сфатиме дека тој има аутизам“, напишала таа. „Не бевме свесни за тоа сѐ додека на мојата најстара ќерка не ѝ беше дијагностицирано нарушување од аутистичен спектар“.

Тие имаат четири ќерки, од кои две се аутистични. Џесика во својот пост објаснува дека знаела дека нејзината најстара ќерка не е „невротипична“ од околу 4- годишна возраст, поради строгото придржување кон рутините, сензорните проблеми и честите епизоди на врескање.

Меѓутоа, кога разговарав со својот сопруг за ова, тој сметаше дека однесувањето на девојчето му изгледа нормално.

„Тој не виде проблем во начинот на кој таа се однесуваше, а потоа сфативме зошто“, напиша Џeсика. „Тој можеше да ги разбере нејзините тригери бидејќи тие исто така го активираа и него. И тој имал многу исти борби кога бил млад како оние што таа сега ги доживува“.

По особено тешката година, Џeсика решила педијатар да го процени однесувањето на нејзината најстара ќерка. Дијагнозата била поставена во рок од еден час: аутизам.

Додека мајката почувствувала „олеснување“ откако ја слушнала дијагнозата на нејзината ќерка, таа рекла дека нејзиниот сопруг бил во „шок“ и „неверица“. Неколку дена подоцна, Џeсика и Крис ги поминале критериумите за дијагностицирање на аутизам.
„Тогаш сите парчиња си дојдоа на место“, продолжи таа. „Причините за неговото социјално преоптоварување и тоа што сакаше да излегуваме само еден ден од викендот, сега имаше смисла. Заедно со неговата исцрпеност од разговорите со други луѓе. Дури и специфичниот начин на кој го организираше шпајзот… Се насмеавме кога сфативме колку работи има на кои се адаптиравме автоматски, без да забележиме “.

Неколку месеци подоцна, Крис претрпе формална проценка и му беше дијагностициран аутизам на 30-годишна возраст. „Тој го поздрави ова со тага, но и со олеснување“, напиша Џесика.

Разговарајќи за ефектот на оваа нова етикета, Крис изјавил за ABC News, „Јас сè уште ги правам истите работи што секогаш ги правев, но ги правам поинаку, со поголема свесност. Дијагнозата ви дава подобра алатка за се справите со секојдневниот живот“.
Џесика изјавила дека секогаш ѝ била привлечна „чудливата“ природа на нејзиниот сопруг и начинот на кој ја надополнува нејзината личност. Во својот пост таа ја потврдила својата љубов и поддршка за Крис.

„Аутизмот не го смени мојот сопруг. Тој отсекогаш бил таков каков што е и понатаму и тоа е она што го прави тој да биде таков каков што е“, напишала таа. „Но, можеби неговите претходни години додека се формирал како личност би биле многу помалку стресни и тешки за него доколку неговиот аутизам бил препознаен, за да може да добие соодветна поддршка и да научи стратегии на млада возраст; наместо да мора мудро да го крие повеќе од 25 години.

Мајката додала дека тие сега се силни поборници за рано дијагностицирање и интервенција кога станува збор за аутизмот.

„Затоа што кога сакаш некого, го сакаш целосно и сакаш да го поддржиш за да биде најдобар што може да биде; кој и да е“, заклучила таа. „И сфаќате дека етикетите не ги дефинираат или ограничуваат способностите на една личност – но тие можат да понудат одличен увид во личноста на поединецот и да му овозможат да биде поддржан и да го достигне целиот свој потенцијал“.

Бидејќи имаат четири ќерки, а две од нив се аутистични, тие многу добро знаат низ што минуваат сите родители со вакви деца, но не гледаат на дијагнозата како на казна. Напротив, таа смета дека поставувањето на дијагнозата од која многу родители се плашат, само помага да се погледнат работите од друга перспектива. Само така ќе сфатите со што се бори вашето дете и ќе можете барем делумно да го разберете неговото однесување.
Според неа, овие деца веќе знаат дека се поинакви од другите, а дијагнозата им овозможува да се прифатат себеси и ги спречува да развијат омраза кон себе поради својата посебност.
„Една од работите кои ми го олеснија животот со ќерките беше кога се откажав од тоа да им ги наметнувам друштвените очекувања и желби, а наместо тоа почнав да прифаќам кои се тие и што сакаат.
Аутистичните деца тешко излегуваат ос сопствената комфорна зона и не треба да се присилуваат на тоа. Сепак, наметнете им строги рутини и ритуали. Мој совет е да пронајдете начин полека да ги развлекувате своите зони на комфор од ден на ден, малку по малку“
Таа смета дека одморот за родителите не треба да биде луксуз туку приоритет и дека тие не смеат да си дозволат да прегорат.
Исто така таа смета дека сака повеќе да си верувала на својот инстинкт.
„Би сакала помалку да се занимавав со мислењето на другите луѓе за моите деца, а повеќе да ги прифаќав такви какви што се“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]