Секоја година во периодот од 1 до 7 август традиционално се прославува светската недела на доењето, а оваа година глобалното мото гласи „заштита на доењето – наша заедничка одговорност“. Иако изгледа малку необично, доењето во јавност се уште предизвикува голема дебата. Без оглед на причината за ова, многумина сметаат дека доењето во јавноста е несоодветно и мајките доживуваат разни непријатности. Најголемата иронија во сето ова е што доењето во јавност не е „модерна работа“.
Затоа мајката Рене Џонсон објавила интересна објава и фотографии на Фејсбук за да ги потсети сите дека доењето на јавни места до 1900 година е нормално и не е баш некој „голем настан“.
Во својата објава на Фејсбук, која собрала повеќе од 44.000 лајкови и била споделена повеќе од 103.000 пати, Рене објаснува дека „дури во 20 -тиот век доењето почна да се гледа негативно“.
„Нашите предци морале да одржуваат големо домаќинство, кое вклучувало хранење на бебето, така што доењето на пазар или на други јавни места не било причина за незадоволство”, објаснува таа. Според неа, ова се должело на тоа што тогаш немало алтернатива за доењето и се верувало дека градите се создадени за доење, а жените биле охрабрувани да дојат”, вели Рене. Таа објаснила дека многу мајки не сакаат да ги покриваат бебињата додека дојат бидејќи сакаат да го видат своето бебе, а и на бебињата може да им биде премногу жешко. Исто така, на жените им е тешко кога почнуваат да дојат, а контактот со очите е важен за бебето.
Нејзиниот пост предизвикал многу дебати и коментари. Се разбира, имало и такви кои не се согласиле со неа: „Време и место. Покриено и приватно. Не на јавни места”, е само еден од коментарите. Иако има многу повеќе коментари кои го поддржуваат нејзиниот пост. Така, една мајка напишала: „Доењето е природно. Нашите гради произведуваат млеко само за исхрана на бебето. Лудо е да се гледа на доењето како нешто што не треба да се прави јавно или треба да се прикрие. Не е сексуално, човечки е”, се вели во коментарот.
Фото: Фејсбук