Добри деца не се раѓаат, нив ги воспитуваат добрите родители

Направивме 10 родителски заповеди кои, ако ништо друго, ќе ви помогнат да не бидете родители кои прават едно, мислат друго, а трето очекуваат од своите деца.

0
111
Фото: Freepik

Не е лесно да се биде родител. Породување, доење, исхрана, болести… Па, некои нови правила во воспитувањето. Убаво вели Душко Радовиќ – „Дај ми добро дете и ќе видиш каков родител сум“. Но, добри деца не се раѓаат. Добрите деца ги воспитуваат добри родители.

Иако вистински рецепт за добар родител не постои, ние врз основа на долгогодишно искуство и различни истражувања направивме 10 родителски заповеди кои, ако ништо друго, ќе ви помогнат да не бидете родители кои едно прават, а друго мислат, а трето очекуваат од нивните деца.

1. Не го спречувајте вашето дете да поминува време на мобилен телефон, додека вие цел ден гледате во него.

2. Не инсистирајте детето да оди на три тренинзи, додека вие да седите пред телевизор.

3. Не му нудете здрава храна на детето, додека самите се давите во пици и чоколади, со задолжителната цигара после оброк.

4. Не го предупредувајте вашето дете да чита книги, кога последната прочитана книга ви била „Малиот принц“ во основно училиште.

5. Не очекувајте вашето дете да биде мирно, присебно и добро воспитано, а вам да ви е дозволено да викате, да кршите и да пцуете.

6. Не му купувајте на детето расно куче, додека на улица ги шутирате кучињата-скитници.

7. Не барајте од вашето дете да го сака и почитува училиштето додека на наставничката ѝ кажувате дека е глупава, арогантна или необразована.

8. Немојте да бидете презафатени за вашето дете, а потоа опуштено да одите на фудбал, маникир или во паб

9. Не сакате детето да биде неодговорно, а вие заборавате да го земете од училиште, да платите за екскурзијата или да дојдете на неговиот натпревар.

10. Немојте да бидете сурови кон своите стари родители, а потоа да барате од децата да ве почитуваат.

И никогаш, никогаш не заборавајте дека децата се угледуваат на своите родители. Од тебе го виделе сето тоа за што ги обвинувате! Експертите тврдат дека детето усвојува вредности и однесување од својата околина до седумгодишна возраст. Затоа е многу важно да се однесуваме онака како што сакаме нашите деца да се однесуваат, уште од најраниот период на нивното растење.

Текстот е од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]