Добра вест за родителите кои се уморни од кавгите меѓу нивните деца!

Благодарение на петгодишно истражување, експертите дошле до заклучок дека расправиите меѓу браќата и сестрите се добри за нив.

0
314

Расправиите меѓу браќа и сестри се добри за нив, велат експертите.
Тие тврдат дека несогласувањата, расправиите и ривалствата меѓу браќате и сестрите можат да го стимулираат менталниот и емоционалниот развој, да ја зголемат зрелоста и да ги подобрат социјалните вештини.

Научниците дошле до овие откритија благодарение на петгодишното истражување. Но, тие нагласуваат дека овие придобивки се можни само ако децата се рамноправни во вербалната борба и ако заедно наоѓаат компромиси.

„Колку се поборбени браќата и сестрите и колку повеќе се караат, и колку повеќе постарото дете го ‘спушта на земја’ помалото, толку повеќе учат сложени лекции за комуникацијата и јазичните вештини“, вели др. Клер Хјуз, авторка на книгата Social Understanding and Social Lives.

Врз основа на овој истражувачки проект за браќа и сестри, проект на Центарот за семејно истражување на Универзитетот во Кембриџ ги испитал когнитивниот и социјалниот развој на децата на возраст од две до шест години.

„Колку повеќе децата се вознемируваат помеѓу себе, толку повеќе учат за регулирање на своите чувства и за тоа како можат да влијаат на емоциите на другите”, додава Хјуз, истакнувајќи: „Се разбира, ако ривалитетот на браќата и сестрите излезе од контрола, тоа може да биде многу негативно. Постојаното насилство е силен предиктор дека агресивното дете ќе ги малтретира своите врсници“.

Џуди Дан, професор по развојна психологија на Институтот за психијатрија, вели дека иако „можеби нема да чувствувате така, ривалството помеѓу браќата и сестрите може да биде конструктивно, подготвувајќи ги за важни врски како што ќе стареат“.

Д-р Тина Кречмер, коавторка на ова истражување, смета дека родителите не треба да се обидуваат да го задушат ривалството на нивните деца.

„Тоа е природен дел од односот меѓу браќата и сестрите и има свои добри страни: може да ги мотивира да изберат различни работи во кои ќе се истакнат“, вели таа.

Но, Дороти Роу, психолог и авторка на книгата My Dearest Enemy, My Dangerous Friend: Making and Breaking Sibling Bonds, верува дека родителите би требало да интервенираат во несогласувањата за да им покажат на браќата и сестрите дека има подобар начин да ги решат нивните проблеми. Тој исто така вели дека родителите треба да избегнуваат да ја заземат страната на едното дете и да останат смирени, пишува Гардијан.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]