Директен пренос од породување, нов тренд на Инстаграм

Семејствата сега повеќе нема да мора со нетрпение да ги чекаат вестите од породувањето

0
346

Ако мислевте дека повеќе ништо не може да ве изненади, сте се излажале. Нов тренд на Инстаграм е трендот на породување во живо на Инстаграм страната #InstaBirthStory која ја почнала фотографката на породувања Кејт ДеПриско.

Меѓутоа, иако можеби звучи неприкладно, не станува збор за случајно објавени снимки во кои се гледа секој детал туку станува збор за нешто што е сепак малку попригодно.

Зад идејата стои нејзиното мислење дека е породувањето најубавиот чин во животот на жената па заради тоа многу жени сакаат да го зачуваат споменот на породувањето на своето дете.

Затоа и се бараат услуги од професионални фотографи. Меѓутоа, дури и кога сакаат добар дел од породувањето да зачуваат само како приватен спомен, постои уште една работа заради која овој тренд е сѐ попопуларен.

„Жените знаат со часови да се породуваат па семејството и роднините со нетрпение очекуваат за да слушнат дали сѐ поминало во ред“, им објаснила на медиумите Кејт ДеПриско, а во тоа сега неизмерно им помага „породувањето во живо“.
Но тука не станува збор за лајф снимки туку само за фотографии кои Кејт, во договор со родилката, ги објавува автоматски, веднаш по нивното фотографирање, такашто семејството кое чека зад екранот може да види во која фаза е и како поминува породувањето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]