Деца на 21.век

Шестгодишно девојче нарачало од Амазон Барби кукли во вредност од 350 долари. Еве што решиле да направат нејзините родители со нив.

0
283

Катлин Лунт (6) му помогнала на брат ѝ да ги измие прозорците и да ја среди кујната а нејзината мајка ѝ ветила за овие дополнителни задолженија: Барби кукла (Barbie Dreamtopia Rainbow Cove Fairy Doll) која со месеци ја барала.

Ја замолила мајка си да ја нарача куклата од семејниот компјутер во нивниот дом во Јута. Следниот ден, Катлин прашала дали може да го провери на Амазон до каде е превозот за нејзината нарачка, мајка ѝ ја отворила страницата, а потоа излегла од собата.

Катлин видела дека нејзината Барби ќе пристигне следното попладне, а потоа забележала и нешто друго: предлози за други видови на Барби и најразлични додатоци за истите, гардероба, плакар и уште многу други.

Петнаесет минути и неколку кликови подоцна, во кошничката имало Барби кукли и додатоци во вредност од 350 долари. Катлин избрала слободна испорака за два дена, ја ставила нарачката, а потоа отишла да си игра.

Следниот ден, додека проверувала друга онлајн нарачка, Кетрин Лунт ја забележала мега-листата на Барбики. Имало три страници нарачки.

Таа имала можност да откаже две од нив, но било предоцна да ги откаже останатите. Таа ѝ кажала на ќерката дека веднаш штом ќе пристигнат другите Барбики, тие ќе бидат вратени.

„Таа имаше изглед што секогаш го има кога знае дека е во неволја“, рекла Лунт. „Таа знаеше што прави кога ги нарача Барбиките. И таа знаеше дека е тоа погрешно“.

На 11 август, кога Катлин се вратила дома од прошетка со своите родители, сестрата Сара (15) и братот Рајан (9) и неколку роднини кои биле на посета од  Аризона. Пристигнале точно навреме за да го видат испорачателот кој растовара голем куп кафени кутии на тротоарот.

„Што е сето ова?“, прашал таткото на Катлин, Мајк (48).

Неговата сопруга го информирала семејството, и сите се насмеале на палавоста на Катлин. Вујкото направил неколку фотографии од неа и испорачаните кутии.

Катлин сакала да ги отвори сите пакети што ги нарачала, но нејзините родители одлучиле да им ги подарат на пациентите во детската  болница во Солт Лејк Сити, кадешто пациент била и самата Катлин која по раѓањето во август 2012 година, доживела мозочен удар. Една недела нејзините родители се грижеле додека Катлин била на одделението за интензивна нега.

„Беше страшно – таа изгуби 5 проценти од нејзината мозочна маса“, вели нејзината мајка. „Но, лекарите ни рекоа дека на крајот ќе се регенерира. Тие ја ставиле на терапија и рекле дека ќе биде добро. И така и беше.“

Бидејќи ѝ биле длабоко благодарни на болницата и неколку години размислувале како да се оддолжат, решиле дека подарувањето на куклите и другите додатоци е одличен начин да го сторат тоа.

Така, на 15 август, го натовариле автомобилот (на Катлин ѝ било дозволено да ја задржи нејзината Барби од која сѐ почнало) и ги однеле играчките во болницата.

„Катлин во почетокот беше малку депресивна затоа што им ги дадовме играчките“, рекол Мајк. „Но, потоа седеше со неколку мали девојчиња – пациенти и заедно ги отворија сите кутии, се смееја и си играа. Таа имаше многу забава, но, исто така, научи и навистина добра лекција.“

[better-ads type='banner' banner='999' ]