Децата од две години, кои поминуваат повеќе од три часа на ден гледајќи телевизија или играјќи на таблет, се помалку физички активни на подоцнежна возраст. Истражувањето во кое учествувале 500 деца открило дека навиките на децата се менуваат како резултат на влијанието на екранот. Оние деца кои седеле пред екранот повеќе од три часа на ден биле значително помалку физички активни на возраст од пет години, отколку нивните врсници.
Секој ден седеле 40 минути повеќе од нивните врсници, а до почетокот на училиштето веќе седеле четири часа подолго од другите деца во текот на неделата. Светската здравствена организација го ограничува останувењето пред екранот за деца на возраст од две до пет години на еден час или помалку на ден, за подоцна да имаат поздрави навики.
Една истражување вели дека малите деца поминуваат во просек два и пол часа на ден гледајќи различни екрани. Обично гледаат телевизија. Децата кои минувале околу три часа пред екранот кога имале две години подоцна биле во просек 30 минути помалку активни од нивните врсници кога станува збор за полесна, како и 10 минути помалку кога станува збор за умерена физичка активност. Ваквото однесување доведе до седечки начин на живот на подоцнежна возраст.
Педијатрите предупредуваат дека родителите би требало да им ја ограничат на децата употребата на мобилни телефони на масата и во спалната соба за да избегнат евентуална штета поради долгите часови пред екраните. Исто така, децата треба да имаат паузи помеѓу гледањето на содржината најмалку на секои два часа.
Една од неколку работи кои се сериозно загрозени поради новите електронски уреди е сонот. Родителите и децата ги чуваат мобилните телефони во својата непосредна близина за време на спиењето, а една третина од тинејџерите имаат мобилен телефон до нив на перница. Еден од тројца адолесценти и еден од четворица родители признаваат дека во текот на ноќта знаат да ги разбудат известувањата од социјалните мрежи, по што го земаат мобилниот телефон за да проверат за што станува збор.
Ако сметате дека вашиот мобилен телефон и другите дигитални уреди негативно влијаат врз вашиот и врз животот на вашето семејство, воведете некои правила. Донесете заедничко правило за тоа колку време на ден можете да издвоите за паметните уреди и да научете да се фокусирате, вежбајте концентрација и подгответе се за спиење без мобилен телефон во рацете.
Колку време на ден детето може да помине на интернет, што е во ред да се објавува а што не, што да направи ако добие навредлива порака или ако непознато лице го повика на состанок заедно со детето, договорете ги правилата. Секако, составете договор.
Таблетите и паметните телефони можат да влијаат на подоцнежен развој на говорот кај децата. Како што расте бројот на паметни телефони и таблети што ги користат домаќинствата, така расте и бројот на деца кои почнуваат да ги користат овие уреди пред да проговорат.
Фото: Pixabay