Децата родени со царски рез, со поголем ризик од алергија на кикиритки

Истражувачите покажале дека децата родени со царски рез имаат намалено присуство на специфична форма на бактерии кои играат клучна улога во развојот на имунолошкиот систем, но според претходни студии, тие можат да се зголемат со контактот на децата со домашни миленици, како кучиња или мачки,

0
87

Истражување на канадски научници од Универзитетот во Алберта сугерира дека децата родени со царски рез имаат во просек трипати поголем ризик од алергија на кикиритки.

Податоците објавени во списанието Gastroenterology покажуваат дека децата родени со царски рез имаат намалено присуство на бактероиди, специфична форма на бактерии кои играат клучна улога во развојот на имунолошкиот систем.

Покрај тоа, намаленото присуство на бактероиди е исто така поврзано и со редуцирање на нивото на сфинголипиди, протеини кои исто така имаат големо влијание врз имунитетот.

Новите откритија се добиени со анализа на податоците за околу 1.400 деца следени до возраст од три години.

Децата кои страдаат од алергии на храна, исто така, имаат зголемен долгорочен ризик за астма, егзема и алергиски ринитис.

Претходните студии покажале дека контактот на децата со домашни миленици, како кучиња или мачки, го зголемува присуството на бактероиди кај децата.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]