Децата на пушачите почесто умираат од болести на белите дробови

Децата чии родители се пушачи почесто умираат од хронични болести на белите дробови, предупредуваат научниците.

0
214
Изложеноста на тутунски чад во текот на десет или повеќе часови неделно го зголемува ризикот од смрт од исхемични болести на срцето за 27 отсто.
Ризикот од мозочен удар е поголем за 23 отсто, а од хронични опструктивни болести на белите дробови за 42 отсто, во однос на лицата кои живееле со непушачи.
Последица од пасивното консумирање на цигари во детството е смртта на 7.000 до 100.000 возрасни непушачи годишно.
Стручњаците велат дека престанувањето со пушење е најдобар начин за заштита на детето од лошите последици на тутунот.
Научната студија е спроведена на 70.900 возрасни непушачи, а резултатите се објавени во „Американскиот журнал за превентивна медицина“.
[better-ads type='banner' banner='999' ]