Децата најчесто страдаат од поблага форма на КОВИД-19

Медицински студии спроведени во Европа врз деца со ковид-19 посочуваат дека смртноста е исклучително ретка меѓу нив, пишува БиБиСи. Досега, четири од 582 заразени деца умреле од ефектите на ковид, од кои две страдале од коморбидитети.

0
170

Истражувањата на деца заболени од КОВИД-19, покажале дека, генерално, кај децата симптомите биле благи, а дел од нив, тестирани за коронавирус, дури и не ги покажале. Но, секое десетто дете завршило на интензивна нега.
Лекарите велат дека студијата влева надеж, но научниците допрва треба да пронајдат соодветен третман за децата кои развиваат најтешка форма на болеста.

Што покажала студијата?

Група научници предводени од експерти од Институтот за здравствена заштита на децата во детската болница „Great Ormond Street“ во Лондон, ја надгледувале состојбата на 582 заразени деца на возраст од три до 18 години од 25 европски земји.
Во екот на епидемијата во април, сите биле позитивни за коронавирус, а една четвртина имале пропратни здравствени проблеми.

Од четири деца кои починале (0,69 проценти од примероците) ниту едно не било помладо од 10 години, а две од нив страдале од други болести.
На повеќе од половина од децата опфатени со студијата им бил потребен болнички третман, а 8 проценти завршиле на интензивна нега.

Кои биле симптомите кај хоспитализираните деца?

Децата најчесто имале треска (65%), инфекција на горниот респираторен тракт (54%), пневмонија (25%) и гастроинтестинални симптоми (22%).
Околу 16 проценти од децата, тестирани затоа што оствариле контакт со заразено лице, не покажале никакви симптоми.

Кои се последиците?

Научниците истакнуваат дека стапката на смртност кај децата е „значително пониска“ отколку што покажува студијата, со оглед на тоа што лицата кои развиле благи симптоми сè уште не биле тестирани во моментот на спроведувањето на студијата.
Тие додаваат дека треба да се соберат дополнителни информации бидејќи тоа ќе им помогне на лекарите да изберат најдобра терапија за деца кои ќе заболат од ковид-19.

Д-р Марк Тебрјуж од Институтот за здравствена заштита на децата во детската болница „Great Ormond Street“ вели дека е забележана само поблага форма на болеста кај повеќето деца и млади.
„Но, ние не треба да го игнорираме фактот дека дел од децата заболеле од потешка форма на ковид-19, за која е потребна интензивна нега. Ова треба да се земе предвид при планирањето и одредувањето на приоритетите на здравствените ресурси како што ќе се развива пандемијата”, вели Тебрјуж.

Тој исто така вели дека децата кои, покрај ковид-19, исто така, имале уште еден респираторен вирус, почесто завршувале во единицата за интензивна нега.
„Овие информации треба да бидат земени предвид кога зборуваме за зимскиот период што е пред нас и кога се почести инфекциите како што се настинки и грип“, рекол др. Бегона Сантијаго-Гарсија од Универзитетскиот болнички центар Gregorio Maranon во Мадрид.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]