Петгодишно девојче станало мета на задевање од врсниците заради густите, темни веѓи што се спојувале меѓу нејзините очи.
Ѝ даваа многу погрдни прекари. Има пет години и мисли дека е грда. Ми се крши срцето затоа што никој не треба да мисли така за себе, а камоли петгодишно дете. Се обидов да ја убедам да не ги слуша другите, но таа се уште мисли дека е грда. Не сакав малтретирањето да се влоши, затоа ѝ ги издепилирав веѓите во средина, не сите. Дури и не ги обликував“, открива анонимна мајка на Редит.
Девојчето било воодушевено и конечно, кога се погледнало во огледало заклучило дека е прекрасна. Но, кога сопругот дојде дома, беше бесен.
„Тој ѝ кажа дека е убава, но кога таа замина, имавме голема расправија. Ми рече дека сум ужасна мајка затоа што го подложив петгодишното дете на стандарди за убавина, наместо да ѝ кажам дека е убава таква каква што е“, објаснува таа подолу.
Мајката вели дека таа не смета дека петгодишно дете треба да ги кубе или да ги депилира веѓите, но дека ова била ситуација кога петгодишното дете било изложено на малтретирање и закачки.
„Така успеав да го спречам тоа“, заклучила таа, прашувајќи ги другите дали е во право.
„Како жена која предолго има мустаќи, не згрешивте. Тој не разбира што значи да се биде влакнеста жена и одбива да го разбере”, рекла една жена.
„Мојот брат беше немилосрден кон мене и ме исмејуваше поради моите веѓи. Тоа насилство остава трага. Мило ми е што ѝ дадовте можност на вашата ќерка да не мора да се справува со тоа”, рекла друга.
„Ме малтретираа поради моите веѓи секој ден. Се враќав дома вознемирена и се мразев себеси на шестгодишна возраст. Мајка ми ми ги депилираше веѓите и ми се зголеми самодовербата. Децата можат да бидат сурови, а ваша работа е да ги заштитите од тоа“, истакнува трета жена…
Фото: Pexels