Децата кои имаат тантруми стануваат побогати и поуспешни луѓе

Борбата со тантрумите е една од најпредизвикувачките детски развојни фази. И за децата и за родителите. Но, едно европско истражување дошло до откритие кое може да утеши многу родители.

0
354

Една студија чии резултати се објавени во Развојната психологија ги следела приходите и образованието на децата кои посетувале училишта во Луксембург и откриле дека оние кои се спротивставувале на авторитетите и им пркоселе на своите родители на помлада возраст биле склони подолго да се образуваат и да имаат поголеми шанси за остварување на успешна кариера.

Со тоа се согласува и истражувањето на Универзитетот Пенсилванија. Како што објаснила психологот Ангела Дакворт, ако децата од најрана возраст покажуваат „борбен“ карактер, најверојатно ќе успеат во кариерата. Според неа, таквиот карактер се поврзува со „упорноста и страста за постигнување долгорочни цели“, пренесува Practical Parenting.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]