После само час време на телефон, децата и адолесцентите можат да имаар помалку самоконтрола, љубопитност, емотивна стабилност, што доведува до зголемен ризик за анксиозност и депресија, се алармантните заклучоци на американска студија во која се анализирани податоците за 40 илјади деца на возраст од две до 17 години.
Најзагрозени се тинејџерите на возраст од 14 до 17 години, но загрижува податокот дека последици чувствуваат и помладите деца чиј мозок е се уште во развој.
Децата од претшколска возраст кои често користат паметни телефони се два пати посклони кон тоа тоа да ги изгубат нервите, девет отсто од оние на возраст од 11 до 13 години кој го користат телефонот по еден час дневно губат љубопитност за нови работи, а тој број расте на 22 отсто за оние кои користат телефон повеќе од седум часа.
Научниците истакнуваат дека половина ментални проблеми се развиваат до адолесценцијата, заради што е важно да се идентификуваат факторите на кои е можно да се влијае за да не дојде до заболување.
Апелираат на родителите и наставниците децата да минуваат помалку време пред екраните и дека лимитот треба да биде два часа дневно наместо сегашните од пет до седум часа.
Фото: Pixabay