Дали сте велосипедист? Ако е така, дали сте еден од многуте кои внимателно го ставаат стариот верен другар на сигурно место во зимските месеци, убедени дека целиот дожд, снег и мраз не се погодни за велосипедизам?
Па, овој фински град е жив доказ дека зимскиот велосипедизам е совршено можен со правилно планирање и инфраструктура, наместо да се сместиме во автомобилот на првите знаци од малку снег.
Пека Тахола, инженер за урбанизам за Navico Ltd. и координатор за возење велосипед за градот Оулу, неодамна го фотографирал велосипедскиот паркинг на локалното училиште на -17C за да покаже дека без оглед на условите, ништо не ги задржува децата далеку од нивните велосипеди.
Бидејќи, иако можеби изгледа чудно за некои родители да им дозволат на своите деца да излезат на две тркала, изложени на ледениот студ на нордиската зима, тука во Финска тоа е совршено нормално и здраво и нешто што треба да се направи.
„Организиравме студиско патување за учесниците од јужна Финска за да видат како градот се грижи за велосипедизмот и одењето со велосипед во училиште“, изјави Пека за информативната веб-страница за заштита на животната средина MNN.
„Посетивме неколку училишта и многу зборувавме со локалните наставници и директорите. Прилично сум сигурен дека ова училиште е меѓу најдобрите. Тоа дефинитивно не е единственото, а има многубројни училишта во Оулу, кадешто поголемиот дел од децата на училиште одат со велосипед или пеш“.
Фото: pekkatahkola