Детска болница во регионот, одличен пример за сите останати

Апаратот за магнетна резонанца во Клиниката за детски болести во Загреб некогаш бил неугледен, сив и застрашувачки па тамошните вработени одлучиле да го преобразат во подморница и на тој начин барем малку да им го олеснат прегледот на своите најмлади пациенти

0
194

Како што објасниле на Фејсбук страницата на болницата, на децата во текот на прегледот им е тешко кога мораат да бидат целосно мирни, а тоа понекогаш може да потрае и околу половина час. За некои е тоа невозможно, па децата кои се помлади од шест години, често мораат да ги прегледуваат под општа анестезија.

Но, жолтата подморница, како и делфините, рибите и октоподите на ѕидовите би можеле да им го олеснат ова искуство. Од болницата велат дека веќе еден преглед поминал успешно, без општа анестезија.

„Погледнете ја нашата подморница! До пред неколку дена тоа беше сиво-бел апарат за магнетна резонанца во чиј тунел децата во текот на снимањето неретко морале да минуваат и повеќе од 25 минути и притоа воопшто да не се помрднуваат.

Токму затоа, децата до 6 години многу често мораме да ги воведуваме во општа анестезија. Пред два дена нашите вработени зауспеаја да снимат дете од 4 години без општа анестезија благодарение на приказната  на впечатокот дека ќе плови со подморница помеѓу шарените рипчиња“, пишуваат тие на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]