Дете кое скока е дете кое расте

Скокањето не е само забавно, туку има и повеќекратни придобивки за психомоторниот развој на детето. А најдобриот дел е тоа што станува збор за едноставна и лесно изводлива активност за која не се потребни реквизити.

0
321

Децата можат да скокаат во кое било време од денот и било каде. Самото скокање е од големо значење за развој на кондиција, тоа не е само вежба, туку и забава во текот на денот која има и повеќекратни придобивки за психомоторниот развој на детето. А најдобриот дел е тоа што станува збор за едноставна и лесно изводлива активност за која не се потребни реквизити.

Зошто е скокањето корисно за децата?

Студиите одново и одново ја покажуваат поврзаноста помеѓу скокањето и кондицијата. Откако НАСА ги открила своите тајни во текот на 70-тите години, можеме да кажеме, скокањето добило статус на слава помеѓу лесните и едноставни вежби.

Некои од причините зошто би требало да му дозволите на вашето дете да скока:

  • Одлично е за деца кои сакаат спортски активности,
  • Децата добиваат можност да вежбаат без да бидат ниту свесни за тоа,
  • Децата учат да го контролираат движењето на своето тело (развој на моторна контрола),
  • Со помош на скокањето се стимулира развојот на сензорните системи (вестибуларен и проприцептивен систем).

Кое е значењето на скокањето?

Скокањето е вештина што се учи, не очекуваме да скока шестмесечно бебе (и не смее да го прави тоа), но на децата од 2 до 8 години треба да им се дозволува и да бидат охрабрувани да учествуваат во таа активност, а уште позабавно е кога го правите тоа заедно.

Предности на скокањето:

  1. Скокањето е добро за срцето.

Скокањето е кардиоваскуларна вежба и му дава на срцето здрав и природен тренинг.

  1. Ги зајакнува мускулите.

Кога децата скокаат, тоа ги вклучува речиси сите главни мускули во телото, на тој начин се јакнат големите мускули во телото.

  1. Ја подобрува координацијата.

Скокањето им помага на децата подобро да го разберат своето тело и каде се наоѓа тоа во просторот. Двете страни на мозокот и телото работат заедно за да одржат рамнотежа и координација.

  1. Влијае на телесната тежина.

Голем здравствен проблем на децата денес е дебелината, што во најголем дел е поврзано со недостаток на вежбање. Скокањето е одлично за решавање на проблеми со тежината.

  1. Го зајакнува лимфниот систем.

Децата можат да скокаат за да го стимулираат лимфниот систем – на овој начин се балансира количината на токсини во организмот.

  1. Го подобрува вниманието и има позитивен ефект врз учењето.

Скокањето е забавно. Децата се среќни во таа активност, а со позитивни чувства полесно се учи. Самата активност на скокање, ако се комбинира со играта на учење броеви, бои, форми (итн.), доаѓаме до подобри резултати, затоа што детето не го чувствува притисокот, туку ја практикува дејноста што му се допаѓа.

Предлог за игра: Исечете различни форми од хартија во боја, прицврстете ги за подот и дајте му на детето задача да скокне до одредена форма. За почеток, тоа можат да бидат кругови со различни големини по кои треба да скока детето. Ќе видите дека учењето е полесно отколку кога детето седи и пасивно слуша.

Кога станува збор за скокање, важно е секогаш да се обрне внимание на безбедноста и малите деца да бидат под надзор на возрасен човек за да избегнат повреди.

Автор: Марија Кончар, мастер дефектолог

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]