Детето што најмногу ве лути, најмногу личи на вас

Расправиите и кавгите во семејството се нормална појава, бидејќи мислењата на домашните често се разликуваат. Студиите дошле до заклучок дека во дом во кој има повеќе деца, мајката го издвојува она со кое најмногу се расправа затоа што е тоа всушност детето што најмногу ја потсетува на неа. 

0
371

Дали некогаш сте помислиле дека она што најмногу ве вознемирува кај вашето дете е оној дел од вас кој не го сакате кај себеси?

Честопати, родителите не го прифаќаат или го корегираат однесувањето на своето дете затоа што се гледаат себеси во нив, што може да доведе до жестоки конфликти.

Што е проекција?

Според психологијата, проекцијата е одбранбен механизам што се манифестира кога некое лице го припишува своето однесување и размислување, кое не може да го толерира, на друго лице. Ова најчесто се случува кога луѓето не се сoочуваат не го прифаќаат своето однесување кое не им се допаѓа, туку едноставно го игнорираат. За да се соочат и да се обидат да ги разберат своите постапки, тие би морале да излезат од зоната на комфор, што им предизвикува стрес и анксиозност, пренесува Bright side.

Децата го имитираат однесувањето на нивните родители

Психологот Марта Сегрелес смета дека повеќето ставови децата ги наследуваат од нивните родители. Децата од мали гледаат како родителите се однесуваат во различни ситуации. За време на адолесценцијата, кога личноста почнува да се обликува, децата почнуваат да го прифаќаат однесувањето од децата. Расположението на мајката или таткото може да влијае на емоционалниот развој на децата.

Сосема е нормално луѓето понекогаш да се сеќаваат на своите одлуки и постапки од минатото на кои не се горди. Тие веројатно посакуваат да можат да се вратат назад и да направат нешто поразлично. Кога ќе станете родител и ќе видите дека вашето дете ги прави истите грешки како вас, вие автоматски сакате да ги поправите за да ги спречите да се чувствуваат како што сега се чувствувате вие сега, кога знаете дека е тоа погрешно.

Како да се подобри комуникацијата

Психологот Сегрелес смета дека родителите прво треба да ги идентификуваат нивните внатрешни конфликти и да ги решат, а дури потоа да ги исправаат своите деца. Таа посочува дека родителите треба да разберат дека децата не им припаѓаат исклучиво на мама и тато. Децата мора да донесат свои одлуки и да прават грешки за да научат нешто преку лично искуство.

1. Пред да започнете да се обвинувате меѓусебе, обидете се да го погледнете проблемот објективно. Пред да осудите некого, ставете се себеси на негово место.

2. Обрнете внимание на тоа како им пристапувате на децата, обрнете внимание на тонот и изберете ги зборовите.

3. Ако децата одбиваат да ги прифатат вашите совети, прават гримаси додека ве слушаат или ги превртуваат очите, запомнете дека и вие би го сториле истото на нивно место. Обидете се да не се нервирате заради тоа.

4. Ако дискусијата стане премногу гласна и разменувате зборови што можат да ги повредат и двајцата, подобро е да ја напуштите таа дискусија за извесно време.

5. Многу е важно да научите да ги контролирате вашите емоции. Колку сте посмирени, толку повеќе чувство на мир ќе пренесете на друга личност, во овој случај на вашето дете.

6. Поминете квалитетно време со вашето дете. Многу е важно да се воспостави здрава врска со добри спомени.

Научете да го прифатите она што ве мачи

Мора да се прифатите себеси и да признаете дека има работи што не можете да ги промените. Оние аспекти што не можете да ги подобрите мора да останат во минатото. Фокусирајте се само на можностите што ќе ви помогнат да се развиете.

1. Вие не можете да ги осудите другите. Мора да прифатите дека сите луѓе не се еднакви и мора да ја почитувате различноста.

2. Не смеете да претпоставувате. Ако не сте сигурни за нешто, подобро е да прашате и да бидете сигурни.

3. Медитирајте неколку минути секој ден. Ова ќе помогне да ги разликуваат аспектите на вашата личност што ви се допаѓаат од оние што сакате да ги подобрите.

4. Покажете му ги на светот сите свои предности и слаби страни. На крајот на краиштата, секој човек има свои добри и лоши страни.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]