Една од тезите е дека детето се раѓа како „празна табла“ на која родителите „ги запишуваат“ сите особини и склоности, меѓутоа, една друга струја, кон која бил наклонет и познатиот срски психијатар Владета Јеротиќ, верува дека детето сепак се раѓа со „основа“, на која родителите – со својата љубов – се надоградуваат и го усмеруваат.
Еве како го објаснил тој феномен д-р Јеротиќ:
„Љубов е кога ни е сѐ на светот блиско. Прво се буниме против таткото, после против мајката, а кога ние ќе добиеме деца, потполно исто, ги правиме истите грешки. Нема идеални родители. Секој некаде ќе згреши.
Современото мислење на западните психолози во добар дел е дека секое новороденче не се раѓа како „табула раса“, туку со никулец за добро и зло, а тоа ми е мене прифатливо. Секако, тука генетиката игра важна улога. Доброто и злото се заедно, а потеклото на злото не го знаеме доволно.
Значи, не го знаеме доволно потеклото на злото, но постои доброто. Во човекот постои доброто. Се повикав на современите психолози и на тој никулец на доброто и злото кои се присутни кај новороденињата. И сега почнува значењето на родителите! Колку тие ќе успеат да го развијат добриот никулец. Затоа што, тие два никулци не се подеднакви.
Некој се раѓа со посилен никулец за зло и обратно. Такашто е важно какво воспитување ќе следува.
На пример, во Америка помеѓу психолозите и психијатрите се смета дека
Во развојот значење имаат 50 отсто генетиката, а 50 отсто е стекнато во текот на животот.
Не може детето да се развива нормално ако мажот и жената не се сакаат трајно. Немам деца, но треба добро да се внимава како се постапува со децата, затоа што децата ќе пренесат сѐ, и позитивно и негативно, од родителите на своите деца. Кога зборувам за тоа, младите луѓе се плашат. Треба да се најде вистинската личност и многу е важно и едната и другата страна да почувствуваат длабоко во себе дека е тоа вистинската личност. Тоа не е измислено, тоа не е илузија.
Во детството не треба да се пренагласува книгата, туку играта. Човекот е најпрвин хомо луденс, а потоа сѐ друго.
Фото: Pixabey