Малите домашни базени за деца можат да бидат, ако се несоодветно одржувани, вистински расадник за бактерии и габи, но во некои случаи дури и места за поголема трагедија. Педијатрите предупредуваат дека најмладите во овие базени мора да бидат постојано под родителски надзор, за да се избегне давење. Само 30 секунди невнимание се доволни за да дојде до најлошото.
Помалку од половина минута и 20 сантиметри длабока вода е доволно за трагедија
Според некои светски статистики, давењето е една од најчестите причини за смрт на децата во светот, а повеќето трагедии се случуваат во малите домашни базени, кои родителите ги сметаат за безбедни поради плитката вода. Експертите посочуваат дека мало дете може да се удави за помалку од половина минута во базен каде водата е длабока само околу 20 сантиметри.
Детето се дави, тивко, без врескање, плачење, повикување помош, па затоа е многу важно таквите базени да бидат максимално заштитени, на таков начин што детето не може самостојно ниту да стигне до базенот. Детето вреска кога паѓа, но кога се дави – не се слуша, бидејќи навлегува вода во дишните патишта и настанува задушување, се бори за воздух и нема глас.
Оградете ги овие базени, не оставајте играчки во нив
Домашните базени треба да бидат оградени и тешко достапни за децата. Или покриени. Најлошо е ако детето падне и изгуби свест во него, бидејќи лекарите понекогаш се беспомошни во такви ситуации.
Првата помош би била да го извадите детето од базенот што е можно поскоро, и да го превртите наопаку, со цел да исфрли вода од желудникот и респираторниот тракт. Велат дека детето може да се удави за 20 до 30 секунди. Значи, ако можете да ги оградите тие базени, не оставајте играчки во нив. Доволно е детето да почне да ја бара играчката што ја заборавило во базенот, за да се случи голема трагедија.
Редовното миење е најдобрата заштита од инфекција
Во овие домашни базени има помалку хлор, кој треба да биде од 0,3 до 0,6 до 1 милилитар на литар вода. Ретко кој има уреди за мерење на концентрацијата на хлор, и овие базени се поставени на сонце, водата брзо испарува, особено хлорот, што влијае на репродукцијата на микроорганизмите. Важно е водата во нив да се менува редовно и притоа тие добро да се измијат.
Најчестиот проблем се инфекциите на увото
Најчестата летна болест кај децата е инфекцијата на увото, која децата ја добиваат и во малите домашни и во големите градски базени. Затоа, на децата треба да им се всадат навреме некои навики, особено кога станува збор за користење заеднички базени.
Сите деца треба да влезат чисти во овие базени, родителот треба да ги предупреди да не мочкаат внатре. Ако станува збор за мали деца, им се ставаат пелени кои се добро стегнати над нозете, па дури и ако се измочкаат да не влезе вода во базенот.
Што се случува кога ушите ќе се инфицираат?
Инфекциите на надворешниот ушен канал се релативно чести кај децата. Водата од базенот стигнува до увото, останува таму и се загрева, и лесно може да се појави инфекција на надворешниот ушен канал. Оваа инфекција не е толку опасна како воспалението на внатрешното уво, но е многу болна, а увото е болно на допир и неопходно е лекување.
Ибупрофен или лекови за намалување на болката, исто така, може да се користат како прва помош. Увото не смее да се допира бидејќи е болно на допир. За да се избегне инфекција, се советува употреба на капа за капење или чепчиња за уши, што ќе спречи продирање вода во ушниот канал. Оваа состојба се лекува брзо и успешно, но, може да се искомплицира кај деца со послаб имунитет.
Стомачни инфекции
Базенот е топло и влажно место, погодно за развој на сите бактерии и габи. Се случува детето да се напие малку вода од базенот. Нема страв од една или две капки, но ако детето е мало и не разбира, понекогаш може да се напие малку повеќе вода и тогаш може да настанат стомачни инфекции, кои најчесто се предизвикани од салмонела или ешерихија коли.
Фото: Freepik