Десетмесечно дете потрошило 8 ипол илјади евра играјќи со таблет

Му дала таблет на својот десетмесечен син, а тој купил целосен пакет за самостојно возење вреден 10 илјади долари или повеќе од 8 ипол илјади евра преку апликацијата Тесла.

0
427

Родителите честопати им даваат на своите деца мобилен телефон или таблет за да ги смират или да си купат слободно време за да прават некои работи што не можат да ги прават со нив. Меѓутоа, на ТикТокерката @StayFitStayLit тоа повеќе нема да ѝ падне на памет. Таа немала поим дека безопасната игра со таблет ќе стане хорор приказна.

Му дала таблет на својот десетмесечен син, а тој купил целосен пакет за самостојно возење вреден 10 илјади долари или повеќе од 8 ипол илјади евра преку апликацијата Тесла.

„Најлошото е што дознав дека по 48 часа тие средства се неповратни“, рекла таа.

Гневната мајка не можела да поверува дека толку пари ѝ биле одземени од картичката без да внесе лозинка или каква било верификација.

Несреќната Американка го завршува видеото со инсерт од нејзиниот автомобил кој сам се испаркирал од гаражата.

Многумина ја критикувале откако ја споделила приказната која стана вирална.

„Да, да. Најдобро е да го обвиниш детето”, вели една жена.

„Зошто му давате таблет на десетмесечно бебе, наместо да се занимавате со него“, додал друг.

„Јас не би му се лутел на бебето затоа што тој пакет е одличен“, вели трет корисник на ТикТок.

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]