Прекрасното видео од двегодишно момче кое го победи ракот стана вирално и трогна многумина. На Брајв Нои му бил дијагностициран хепатобластом, многу ретка форма на рак, на почетокот од оваа година.
Туморот се развива во црниот дроб и обично ги погодува децата на возраст под четири години. На момчето му била извршена операција на срцето, трансплантација на црн дроб и хемотерапија.
На последниот ден од хемотерапијата тој облекол златна наметка и се истрчал низ болницата со маица на која пишува „последен ден од хемотерапијата“. Изгледа дека е воодушевен што конечно завршил со исцрпувачкиот третман.
View this post on Instagram
„Урааа! Денес е последниот ден од хемотерапијата“, напишала и мајката на Ноа Ники Даниел на Инстаграм.
Многумина коментираат дека снимката им го разубавила денот.