Немој да те видам да се дереш пред нечија врата за време на попладневниот одмор. Немој случајно да си украл нешто во продавница. Дури ни мастика.
Немој некој да ми доаѓа да се жали на тебе.
Оди по тротоарот.
По училиште, веднаш дома.
Прво напиши ја домашната задача.
Поздравувај ги постарите на улица.
Оди купи ми цигари.
Не влегувај во непознати автомобили, не земај ништо од непознати, не им пристапувај на непознати.
Ќе добиеш мензис.
Немој да те видам да пушиш.
Да си се вратил/а дома до дванаесет.
Затворете ги очите (кога Мира Фурлан се тркала со двајца во плиткото)
Марш во соба.
…
И да речеме дека се ова тие волшебни десетина реченици врз кои порано се темелеше воспитувањето на децата.
Не се сеќавам дека моите родители ми зборуваа на мене и на моите пријатели за дрога, секс, безбеден секс, мастурбација, лоши примери, пубертетско дивеење на хормони.
Се запишуваа туршии и полутки преку синдикатот, се купуваа регали од 100 килограми, кои ги носеше целото соседство, соби на кредит, летување на Јадранско море, се добиваа станови од фирмата.
Понекогаш семејствата одеа на излет, кадешто се мачкаше леб и паштета. Нè мачкаа да не изгориме од сонце, а потоа дома не ладеа со кисело млеко, спиевме кога ќе се изгаснеше светлото, молчевме кога родителите се одмараа, кога бевме на гости кревавме два прста кога сакавме да мочкаме или да станеме од столче. Земавме само еден колач од чинијата.
Скржави прегратки, скржаво прикажување на љубов.
Тогаш не стануваше збор за дисциплина, НЕ СУМ ЗА ТОА, туку за границите што ни беа повлечени, а тоа го немаат денешните деца.
Затоа што нема кој да ги повлече, затоа што тој не знае каде да ги повлече (што е чудно затоа што ние сме деца на тие родители израснати во денешни родители), затоа што се плашат или не се присутни за да ги повлечат.
А кога нема ограничување, тоа е како да можете преку работ, и ми се чини токму тоа се случува денес.
Дали нашите родители не упропастија или не?
Текстот е од ТУКА.
Фото: Unsplash