Девојчињата сакаат да бидат послаби уште од четиригодишна возраст

Физичкиот изглед станува опсесија кај девојчињата на рана возраст, како последица од влијанието на различни модели кои се пласираат преку медиумите и социјалните мрежи.

0
68

Доволно е да ги погледнете профилите на тинејџерките на социјалните мрежи и веднаш да разберете што издвојуваат како нивни квалитети и најважни атрибути. Како прво, на набљудувачот нема да му биде јасно колку години имаат навистина.

Уште едно поодамншено истражување од пред деценија ја потресло јавноста со резултатите кои покажале дека девојчињата од четиригодишна возраст имаат свест за формата на нивното тело, а повеќето од нив се перцепираат како пополни и подебели, што реално не се и изјавуваат дека би сакале да бидат послаби.

Не мора да сме психолози за да заклучиме дека е ова премногу рано за вакви размислувања. Забележано е дека дури и најмалите проблеми на лицето и телото ги мачат девојчињата сè повеќе. Речиси под микроскоп, тие го набљудуваат своето тело и очекуваат одредено совршенство што го гледаат во медиумите, а пред сè на социјалните мрежи, каде, пак, наголемо се користат разни филтри, Фотошоп и слични програми.

Покрај тоа, тие имаат јасни модели во јавните личности каде некои стандарди постојано се поставуваат не само за девојчињата, туку и за нивните мајки, а сите тие стандарди се недостижни за просечната жена.
Како да им објасните на девојчињата дека тоа што го гледаат на сликите не е реалност?

Исклучително е важно како родителите – мајките, тетките, бабите се перцепираат себеси и сопственото тело и исто така не е занемарливо како татковците или браќата ги коментираат другите жени. Од исклучително значење е како тие коментираат за своето и за другите деца. Важно е да не го споредуваат своето дете во негативна конотација со другите деца, сметаат психолозите.

Најчесто првите грешки ги прават родителите. Една од нив е да ги преценат способностите на детето, а со тоа да се развие кај него нарцизам и нереална слика за себе. Од друга страна, има родители кои ја намалуваат вредноста на детето и не му објаснуваат реално какво е тоа навистина.

„На пример, ако кажете твојата пријателка убаво црта, ама ти знаеш да правиш шпага“, им кажувате дека сите сме различни и дека имаме некои вештини и знаења кои не разликуваат, како и дека е секој од нас посебен.

Познато е дека децата знаат да бидат особено сурови, па затоа е важно наставниците, воспитувачите и учителите да поставуваат критериуми за вредности во кои не се толерира насилството од тој вид, затоа што тоа е всушност врсничко насилство.

Најчеста заблуда на родителите е дека проблемите ќе поминат, но тоа нема да се случи само по себе, а и ако помине, додека да помине тој период додека не се смират хормоните, а тоа трае неколку години, прашањето е како детето ќе преживее.

Истражувањата покажале дека девојчињата започнуваат да се шминкаат во основно училиште, а многу често и самите родители им купуваат на шминки прилагодени за деца, на девојчињата уште од најмала возраст.

Често родителите ги користат сопствебите деца за да се здобијат самите со популарност и со следбеници на социјалните мрежи, не размислувајќи за последиците од ова или, што е уште пострашно, не сметајќи ги за проблем. Затоа нека не не чуди тоа што девојчињата уште пред да научат убаво да зборуваат, веќе ставаат кармин и ги облекуваат потпетиците на своите мајки.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]