Живееме – гордо – низ ерата на зајакнување на жените. Движење кое дојде предоцна, кое беше многу потребно и сè уште е недовршено. Како мајка на тригодишно девојче, благодарна сум за храброста и упорноста на феминистичкото движење што го овозможи тоа.
Девојчињата кои растат во нашиот свет денес сѐ повеќе се свесни дека можат да сонуваат големи соништа, како и секое момче. Тие повеќе не се ограничени од родовите стереотипи. Па така, повеќе не е прифатливо да се понижува момче со тоа што ќе му се каже дека се однесува како девојче или дека ја „фрла топката како девојче“ или дека изгледа како девојче. Девојчињата и жените конечно почнуваат да се почитуваат исто како и момчињата и мажите.
Студиите покажуваат дека „на родителите им е попријатно кога девојчињата учествуваат во несоодветно родово однесување отколку кога тоа го прават момчињата и дека родителите почесто се обидуваат да го менуваат однесувањето на своите синови“. Притоа, се смета дека родителите на момчињата сè уште се обидуваат да ги одвратат своите малечки од, да речеме, играње со кукли или од нивната желба да научат да танцуваат, бидејќи тоа ги потсетува на нешто што „девојчињата треба да го прават“.
Но, тоа не треба да се меша со ситуацијата кога родителите на момчињата често сакаат да ја истакнат нивната хиперактивност, непослушност, но и грубоста како нешто што е правилно затоа што „тие се момчиња“ и не мора да играат „смирено и спокојно” како што обично си играат девојчињата.
Со други зборови, сега стана во ред за девојчињата „да бидат било што – што ќе посакаат нешто, но истото не важи и за момчињата. Момчињата кои ги покажуваат своите помеки страни сѐ уште се жртви на потсмев или се замолуваат „да се однесуваат повеќе како машки“. Ним им се смеат, ги понижуваат и исмејуваат.
Момчињата заслужуваат исто како и девојчињата можност да бидат сѐ што сакаат – без потсмевање. Свет во кој на момчињата им е дозволено да бидат тоа што се – како и на секое девојче – е подобар свет за сите нас.
Тоа е свет на емоционално интелигентни мажи кои одат покрај жените како еднакви.
Тоа е свет во кој момчињата кои тагуваат ја добиваат потребната помош, наместо да се свртат кон насилство или самоповредување.
Тоа е свет каде момчињата можат да пораснат знаејќи дека можат да бидат или да сторат било што – било да е тоа лекар, медицинска сестра, пилот на авион или учител по танц, па дури и по балет, пренесува Motherly!
Фото: Freepik