Девојчињата во училиштата се учат како да сменат гума и масло, родителите се воодушевени

Група тинејџерки во средно училиште во Сиднеј неодамна научиле вредни вештини.

0
130

Според „Дејли меил“, 11 девојки на возраст од 16 до 17 години научиле како да се однесуваат во случај на сообраќајна несреќа, како да го проверат нивото на притисок во автомобилските гуми и да го сменат маслото.

Идејата започнала да се развива кога компанијата Galmatic што ги подучува жените за одржување автомобили, се јавила во колеџот Стела Марис (Stella Maris).

„Секоја година подучуваме до 100.000 тинејџери во училиштата во сите делови на Сиднеј како да одржуваат автомобил за да им помогнеме на луѓето да се чувствуваат поудобно и безбедно зад воланот. Нашите курсеви не се наменети само за тинејџери”, изјавил директорот на Galmatic, Елена Митакос, за Дејли Меил Австралија.

Помошничката на управителот на колеџот, Ејми Смит, вели дека присутните на работилницата се многу задоволни, како и нивните родители.

„Повратните информации се многу добри, учениците велат дека наставниците се стрпливи и темелни“, истакнува Смит.

Сите се задоволни од интересот на учениците за работилниците, а коментарите на Фејсбук страницата на училиштето сведочат за нивната корисност.

„Ова е фантастично! Би сакал и јас да ги научев овие вештини. Корисно е да се научат девојчињата да бидат силни и независни”, вели една жена.

„Како мајка на една од 11-те присутни на курсот, можам да кажам дека ова е за пофалба. Вие создавате безбедни возачи кои имаат важни знаења”, додава друга.

Што мислите вие за ова?

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]