Девојче со редок тумор започнало блог за да ги покаже добрите и лошите страни на болеста

„Луѓето навистина сакаат да ми помогнат да го пребродам ова, а тоа ме тера да станам и да танцувам и да го клоцнам ракот во задникот“, вели ова 11-годишно девојче кое на 8-годишна возраст ѝ бил дијагностициран редок тип на рак, а откако еднаш се излекувала, ракот повторно ѝ се вратил. 

0
283

Кога Невах Вилијамс имала само осум години, ѝ дијагностицирале крајно редок карцином. Лекарите не биле сигурни дали таа некогаш воопшто живеела без присуство на рак, но лекувањето успеало и таа уживала две години играјќи софтбол, уживајќи во часовите по математика со пријателите и во своето детство. Но, овој август, прегледот открил дека ракот се вратил, а нејзината мајка Алана Симонс-Вилијамс била избезумена.

„Секогаш бев малку вознемирена кога ќе дојдеше време за редовни прегледи, но вознемиреноста почна полека да попушта“, рекла Симонс-Вилијамс.

„Кога докторот ми рече дека ракот се вратил, бев уништена, се чувствував како да ми е скршено срцето. Мислам, беше полошо отколку кога првпат го слушнав тоа”, рекла таа.

Но, Невах, која сега има 11 години, имала поинаква реакција. Наместо да падне во депресија, таа сакала да се посвети на документирање на нејзината борба со ракот. Сакала да сними сè и да им покаже на сите како е тоа.

Шокантна дијагноза

Додека Невах имала 8 години, таа еден ден правела вежба позната како sвезда, а нејзината мајка забележала дека стомакот ѝ е доста надуен. Ја прашала дали се чувствува болна и дали има проблеми со варењето на храната, но Невах се чувствувала добро. Тие го посетиле својот педијатар кој им препорачал да одат во службата за итни случаи.

Отпрвин, лекарите веруваа дека Невах има Евингов сарком на Јуинг, рак кој влијае на коските. Но, Симонс-Вилијамс не сметала дека тоа е вистинската дијагноза и побарала второ мислење.

„Таа немаше проблеми со коските. Имаше тумор на желудникот и тумори по целиот ѕид на градниот кош“, се сеќава мајката, објаснувајќи: „Тогаш беше откриено дека станува збор за дезмопластични тумори на мали округли клетки“.

Дезмопластичните тумори на мали кружни клетки се толку ретки што имало само 200 познати случаи од 1989 година, според Националниот центар за истражување на рак.

„Не постои стандарден план за лекување на ДСРЦТ“, објаснила Симонс-Вилијамс. „Тие обично користат план за лекување што го користат и за Евинговиот сарком“.
Тие го отстраниле туморот од стомакот на Невах, тежок три килограми, и била подложена на хипертермично интраперитонеално лекување (ХИПЕК) каде лекарите го исполнуваат стомакот со топли хемотерапевтски лекови за да го „измијат“. За жал, ова девојче, за кое мајката вели дека не се предава лесно, мора повторно да помине низ процесот на лекување.

Влог за туморот

Пред да се врати ракот, косата на Невах почнала да расте и таа се приклучила на тимот на софтбол. Таа исто така, сакал да игра друштвени игри со своето семејство и да игра кошарка. Иако нејзината мајка стравувала од повторна појава на ракот, Невах храбро се соочува со тоа.

„Го победив првиот пат. Зошто да не можам да го сторам тоа по втор пат?” Девојчето рекло девојчето во разговор за Today: „Луѓето навистина сакаат да ми помогнат да го преболам тоа, а тоа ме тера да станам и да танцувам и да го клоцнам ракот во задникот“.

Таа рекла дека луѓето честопати ја прашувале за ракот или за лекувањето и се надева дека покажувањето на нејзиното искуство ќе им помогне. Мајката сè уште го има последниот збор за конечното уредување.

„Одлучив да снимам сè за да им покажам на луѓето дека постојат некои добри, но и лоши страни“, рекла Невах.
„Многу луѓе велат дека навистина ги мотивирам да станат и да поминат храбро низ сè низ што поминуваат“, рекла таа: „Навистина се чувствувам среќно затоа што сакам да ги гледам луѓето како се насмевнуваат и сакам да ги мотивирам“.

Токму затоа се надева дека ќе ги инспирира луѓето што го следат нејзиното патување на Јутјуб, Фејсбук или Инстаграм.

„Сè е можно, сè додека верувате“, заклучило ова храбро девојче.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]