Грејс Стробел, од Вилдвуд, Мисури, е родена со Даунов синдром.
Кога се родила советникот им кажал на родителите дека треба да размислат за тоа да ја сместат во професионална „институција“.
Сега 22-годишната девојка била школувана дома од нејзината мајка, Линда Стробел, пред да почне да посетува основно училиште кога наполнила осум години.
Една млада жена која е родена со Даунов синдром е решена да ги трансформира перцепциите на јавноста за генетското нарушување со тоа што го следи нејзиниот сон да стане модел.
Грејс Стробел, 22, од Вилдвуд, Мисури, редовно има јавни настапи на кои говори за состојбата и надежта за ширење на свеста и надминување на општествените стереотипи за Дауновиот синдром – кој предизвикува развојни и интелектуални доцнења.
Таа се надева дека ќе го смени ставот на општеството за луѓето со попреченост и ќе создаде промена што ќе резултира со повеќе можности за оние со оштетувања.
Моделот се надева дека ќе го смени ставот на општеството за луѓето со попреченост и ќе создаде промена што ќе резултира со повеќе можности за оние со оштетувања.
Кога се родила Грејс, таа била дијагностицирана со Даунов синдром, генетско нарушување во кое лицето има екстра хромозом.
Ова нарушување резултира со развојни и интелектуални доцнења.
Еден советник им кажал на нејзините родители, Линда и Џеф Стробел, дека нивната ќерка како резултат на тоа нарушување, ќе се соочи со големи животни предизвици.
Џеф раскажува како советникот им рекол: „Нема ништо срамно во тоа, сè уште постојат институции кои можат да ја земат. Само одвојте време да размислите за тоа.“
На родителите им било кажано и дека нивната ќерка никогаш нема да чита или да пишува.
Сепак, Линда и Џеф биле решени нивната ќерка да успее во животот и да докаже дека советникот не бил во право.
Веднаш штом ја донеле дома од болницата, Линда почнала да работи со новороденчето за да помогне во изградбата на мускулите и тонусот во вратот, и да чита сè што може да се прочита за инвалидноста.
Линда целосно го фокусира нејзиното време на Грејс и почнала да ја школува.
Тие се преселиле во Вилвуд кога го добиле своето второ дете, Лејн.
До моментот кога Грејс наполнила три години, Линда секој ден минувала четири до пет часа, работејќи и учејќи неа. До петтата година, Грејс почнала да чита и да помни различни зборови.
Кога била осумгодишна, Линда решила да ја испрати Грејс во основно училиште, за да може да ги подобри своите социјални вештини со тоа што ќе поминува време со другите ученици.
Сепак, Грејс честопати морала да ги менува училиштата, бидејќи Линда сметала дека степенот на образование што го добива не е значителен.
И покрај грижата и љубовта на нејзините родители и помладата сестра, Грејс не го добивала истиот третман и однос од сите.
Во 2017 година, кога Грејс имала 20-години, волонтирала во кантината на локалната градинка и била исмеана од малите ученици.
Со цел да се прошири свеста и да се едуцираат помладите деца во врска со луѓето со попречености, Грејс почнала да дава мотивациони говори во локалните училишта.
Додека истражувала за еден говор, таа прочитала приказна за модел со Даунов синдром, и се запрашала дали може да го стори истото.
„Сè е можно“, рекла нејзината мајка кога Грејс ја прашала дали можеби ќе може да стане и модел.
Во летото 2018 година, Линда ангажирала фотограф да направи неколку снимки на Грејс, а подоцна ги ставила на интернет.
Линда го добила бројот на моден дизајнер од Сент Луис, Ола Хаватме, од еден пријател, кој ѝ рекол да ѝ се јави за да видат дали има некои можности за Грејс.
Таа ѝ рекла на дизајнерката: „Мојата ќерка има сон да стане модел”.
Дизајнерката ѝ одговорила дека ќе помогне да се оствари сонот на Грејс.
Ола ѝ дала на Грејс некои лекции за одење по модна писта и дизајнирала фустан специјално за Грејс, пред да ја доведе на едно од нејзините шоуа на Неделата на модата во Атлантик Сити во февруари.
Грејс ќе учествува и на модната недела во Њујорк оваа есен.
Публиката ѝ дала на Грејс, која сè уште волонтира во училиштата, кога не моделира, цела рунда аплаузи додека чекорела на финалето на шоуто облечена во долга бела наметка.
Таткото на Грејс, Џеф, вели дека сака да може да му купи на советникот, кој им кажал на неговата сопруга и нему дека нивната ќерка нема да постигне многу, авионски билет за да дојде и да го види нејзиниот настап на ревијата во Њујорк.
Фотографиите и текстот се од ТУКА.