Две панди во зоолошка градина не сакале да се парат за да не си го расипат пријателството!!!

Чувар во зоолошката градина во Мемфис тврди дека пандите не сакаат да се парат за да не си го нарушат пријателството.

0
360

Чувар на зоолошката градина во Мемфис потврдил дека двете панди што живеат таму, Ја Ја и Ле Ле, не сакаат да се парат, бидејќи се плашат дека тоа може да им го уништи долгогодишното пријателство.

„Иако тие се загрозен вид и иако репродукцијата е исклучително важна за нивниот опстанок, ништо не е вредно за да го ризикуваат меѓусебниот однос“, изјавил чуварот Ендру Венц за американскиот портал The Onion, пофалувајќи ги пандите за зрелоста што ја покажале спротивставувајќи му се на препуштањето на задоволството, а во полза на платонското пријателство кое го карактеризира лојалност и меѓусебно почитување.

„Ние стражарите би сакале во зоолошката градина да ни трчкаат неколку бебиња панди, но апсолутно ја почитуваме нивната одлука“, додал тој.

Исто така, кажал и дека Ле Ле еднаш се обидела да ја заведе Ја Ју, но тоа не ѝ се допаднало и таа го одбила.

„За среќа, тој се повлекол на време додека ситуацијата не станеше премногу чудна“, открил стражарот.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]