Двеиполмесечно бебе снимено како изговара – Те сакам!

Децата навистина брзо растат, но родителите на ова мало момченце сепа не очекувале дека на возраст од само 10 недели тоа ќе успее да ги повтори зборовите - I love you.

0
715

Мајката Кеиса Камерон го држи малиот Ронан во скутот и му вели: „Те сакам“.
Бабата на момчето Лара Скадсен го снимила со камера моментот кога тој ги повторува истите зборови.

Лара го објавила видеото на TikTok и тоа брзо станало вирално, бидејќи луѓето се восхитуваат од тоа што бебе со неполни три месеци е во состојба да ги повтори тие три збора.

Педијатрите тврдат дека бебињата обично почнуваат да ги имитираат звуците што ги слушаат кон крајот на првата година од животот. Тогаш тие се во состојба да повторуваат зборови како „мама“ или „тато“ и знаат како да го користат својот глас за да привлечат внимание.

Препораката на британската национална здравствена служба е да разговарате со вашето дете од раѓање за да му помогнете во изградбата на јазични вештини.

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]