Децата од предучилишна возраст кои користат паметни телефони, таблети и други уреди повеќе од два часа дневно исто така имаат седум пати поголема веројатност дека ќе развијат АДХД, стои во студијата.
Времето поминато пред екраните има значајно влијание на развјот на детето, рекле научниците, предупредувајќи ги родителите дека мораат да го намалат.
Според тоа, пола час дневно пред екраните, па дури и помалку, би било оптимално за децата од предучилишна возраст, тврдат.
„Откривме дека времето поминато пред екраните имало значително влијание на децата до нивната пета година“, рекол д-р Пиуш Мандхен.
Научниците откриле дека времето поминато пред екраните би можело да има дури и поголемо влијание на однесувањето на детето од она колку спијат или колку се нивните родители под стрес.
„Нашите податоци укажуваат на тоа дека повеќе време пред разни екрани доведува до помалку време за спиење. Недостатокот од сон во детството може да го спречи растот на мозокот и со тоа да доведе до проблеми подоцна во животот“.
Научниците од Институтот во Отава откриле дека децата на возраст помеѓу осум и 11 години имале пет отсто полоша мозочна функција од своите врсници ако гледале во екраните повеќе од два часа дневно.
Се верува дека тоа би можело да биде затоа што игрите и видеозаписите не го стимулираат мозокот на ист начин како на пример, читањето книга.
„Колку повеќе време децата поминуваат во организирани спортски активности, помалку е веројатно дека ќе имаат проблеми со однесувањето. МНогу работи што ги правите преку организирани активности се многу важни за малите деца“, додала д-р Тамана.
Научниците во Велика Британија ја критикувале студијата и рекле дека не ги поврзува директно времето пред екраите со лошото однесување и АДХД.
„Нема основни податоци за однесувањето на децата. Авторите на оваа студија значително ги надминуваат своите резултати во давањето совети на лекарите и воспитувaчите. Корелациите се многу мали и недоследни“, порачал професор Ендрју Пршибски од Oxford University’s Internet Institute.
Фото: Pexels