Да се чуе мува кога ќе пролета! Мислите ли дека денес може да функцинира стариот начин на образование?

Старите училишта беа места кои се раководеа со строги правила и строги наставници, кои ги учеа децата да седат на место, дисциплинирани и тивки, да се чуе мува кога ќе пролета. Професорот Џакомо Стела од Италија објаснува зошто овој модел не функционира денес.

0
618

Дали старото образование сè уште е најдоброто? Кога доаѓа време да изберете училиште за вашите деца, одлуката често се сведува на ова: „како што беше порано“.

Тоа, всушност, значи место кое е раководено со строги правила, со строги наставници, кои ги учат децата да седат на место, дисциплинирани и тивки. Одговори повеќе од прашања, меморија повеќе од дискусија. Професорот Џакомо Стела од Италија објаснува зошто овој модел не функционира денес.

Трите револуции што училиштата не ги зеле предвид

Според професор Стела, методот предложен од овие училишта резултира со немање ефект бидејќи не се зеле предвид овие три револуции во образованието:

1. Задолжително присуство до 16-годишна возраст. Училиштето се менува: во минатото учењето се сметало за привилегија и можело да се преполови бројот на ученици од основно во секундарно образование поради немање финансиска можност. Денес се очекува сите деца да поминат на училиште барем 10 години, што значи дека мора да ги поминат задолжителните студии збогатени со вештини корисни за нивната иднина. Како што заклучува професор Стела, училиштето денес наместо да биде селективно, мора да станува формативно.

2. Телевизијата пристигна во домовите. Револуцијата им ја одзеде на наставниците ексклузивноста да им ги пренесуваат содржините на учениците. Првпат децата пристигнуваат на училиште знаејќи нешто повеќе откако кога заминале претходното попладне: гледаат документарци, ТВ-програми од сите видови и развиваат интереси, меѓу кои и интелектуални, што може да бидат сосема различни од оние што ги објаснува наставникот.

3. Дигиталниот свет радикално го промени пристапот на децата до информации уште од рана возраст. Исто така, младите луѓе повеќе немаат потреба да складираат голема количина информации во умот бидејќи сите тие им се достапни во кое било време на нивните паметни таблети.

Нови начини на предавање и учење, соодветни за сите

Ако сакаме да обезбедиме сличност за да ја опишеме носталгијата за минатото образование како спротивност на денешното, професор Стела посочува дека тоа би било како да се вели „колку убави беа улиците во минатото…

Но, порано на улиците имаше само неколку автомобили!“

Денес ситуацијата е радикално променета: реалноста е надвор од училишните ѕидови, потребно е приспособување на користените системи, на предавањето, на потребите на сите деца, дури и на оние со специфични потреби при учењето.

Затоа е потребно признание: незамисливо е да се замоли секој да се движи исклучиво со велосипед или пеш за да помине низ улиците од вчера; наместо тоа, „корисно е да има толку многу начини на движење и толку многу начини на учење, училиштето мора да разбере и да се промени во оваа насока“.

Оваа филозофија е во совршена хармонија со redooc.com; користејќи го огромниот потенцијал што го воведува дигиталното, на секој ученик, дури и на оние со специфични потреби, им се дава можност да го најдат методот за учење што им е најсоодветен. Со креирање синергија помеѓу различните способности на децата, можно е поефикасно да се постигне целта на образованието.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]