Родителството се промени многу во изминатите неколку децении. Можеби уште повеќе се промени структурата на просечното семејство. Од фактот дека децата се гледаат како членови на семејството без право на глас, на желби, на лутина, до фактот дека за неколку децении тие станаа центар на универзумот за нивните родители. Центар околу кој се врти сè друго.
Големите семејства како што некогаш постоеја речиси исчезнаа, па сега повеќето од нив немаат повеќе од едно или две деца, а многу семејства имаат само еден родител. И тоа е една од причините зошто децата се во центарот на вниманието на нивните родители. Ова не се случуваше порано затоа што вниманието требаше да се подели помеѓу пет, шест или дури повеќе деца, но и други членови на семејството, бидејќи заедниците во кои се живееше беа многу поголеми, а врз воспитувањето на децата имаа влијание и бабите и дедовците и чичковците, тетките.
Се разбира, овој тренд, е присутен првенствено во средната и високата класа и доведе до друг проблематичен феномен – децата станаа статусен симбол за нивните родители. Проект. Инвестиција. Тивкото, но сурово натпреварување, чие дете напредувало побрзо, прво проодело или научило да зборува англиски, има огромно влијание врз децата, без родителите воопшто да бидат свесни за тоа.
Фото: Unsplash