Да ги научиме децата да не зјапаат во оние кои изгледаат поразлично од нив

Ако вашето дете има прашање зошто другата личност изгледа или се однесува на одреден начин, нека праша. Имено, ако го запрете детето во тоа или aко му го одвлечете вниманието од оние кои изгледаат поинаку, тоа само ќе го научи дека сè што е различно е всушност табу.

0
630

Една од најголемите родителски задачи е да ги научат своите деца на бонтон. Меѓу другото, и за тоа како децата покажуваат почит кон другите луѓе и колку се внимателни кон другите. Но, постои една област што родителите често (не знаејќи) ја занемаруваат. Основен бонтон за инвалидитетот кој всушност се однесува на поставување очекувања за тоа како децата треба да се однесуваат кога ќе сретнат некој со инвалидитет или која било друга физичка карактеристика што им ја буди љубопитноста.

Во ред е да се гледа, но безобразно (или заканувачко) зјапање не е

За жал, зјапањето е составен дел од животот на голем број лица со инвалидитет и иако не се согласуваат сите со ова, многумина истакнуваат дека тие се обидуваат да бидат многу отворени кон децата што ги гледаат.

„Луѓето се љубопитни“, рече Беки Кекула, директор на непрофитната организација „Disability: IN“.

„Растејќи, една од најтешките работи за мене беше да гледам како родителите го одвлекуваат вниманието на своите деца од мене велејќи им да не гледаат“, раскажува таа.

Кекула е родена со ахондроплазија, која најчесто предизвикува раст на џуџе. И не ѝ пречи кога децата (или луѓето воопшто) ја гледаат. Она што ѝ пречи е кога луѓето зјапаат прекумерно или кога поради тоа почнува да се чувствува како да ѝ се закануваат физички. Но, таа најмногу се навредува кога родителите им кажуваат на своите деца да престанат да ја гледаат „затоа што не сакаат да изгледаат безобразно“.

Затоа, помогнете му на вашето дете да ја разбере разликата помеѓу контакт со очите и безобразно зјапање.

Поттикнете прашања

Децата се љубопитни и родителите не треба да се чувствуваат принудени да се обидат да го зауздаат ​​тој инстинкт. Особено кога станува збор за прашања за инвалидитетот. Ако вашето дете има прашање зошто другата личност изгледа или се однесува на одреден начин, нека праша.

Имено, ако го запрете детето во тоа или ако му го одвлечете вниманието од оние кои изгледаат поинаку, тоа само ќе го научи дека сè што е различно е всушност табу.

„Кажете им дека е во ред да гледаат. Во ред е да се праша. И во ред е да не се знае како треба да се однесуваме. Најдобар начин да го решите тоа е да поставите прашање”, вели Џенифер Ласло Мизрахи, претседател на непрофитната организација RespectAbility.

Немојте да мислите дека едукацијата на вашето дете е туѓа работа
Иако родителите би требало да ги научат своите деца дека е во ред со почит да ги поставуваат прашањата што може да ги имаат, тие исто така треба да знаат дека е сосема прифатливо другата личност да одбие да одговори на нивните прашања. За лицата со инвалидитет, поставувањето граници може да биде основен облик на грижа за себе. И тие граници мора да се почитуваат. На крајот на краиштата, лицата со иналидитет не се одговорни за образованието на оние кои немаат инвалидитет.

„Важно е да го научите вашето дете за инвалидитетот, но не го правете тоа пред лицето со инвалидитет“, вели Мизрахи.

Непријатни моменти можат и ќе се случат, и тоа е во ред. Конечно, целта е да се обезбеди децата се однесуваат кон лицата со инвалидитет со исто ниво на грижа и почит како и кон било кој друг, пишува HuffPost.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]