Да бидеме искрени, јавните просидби не се романтични

Случајно наидов на овој текст кој е одлична анализа на она што е хит последниве години – јавните просидби. И јас многупати сум се прашувала: Чуму им е сето тоа?! Сте се прашале ли некогаш и вие или пак како и многу други луѓе сметате дека е ова апсолутно романтично?

0
215

„Пред неколку години кога пишував за магазинот Sportnet, едно видео беше хит во канцеларијата. Можеби не очекувате дека група спортски новинари ќе паѓаат во несвест пред големиот романтичен гест, но не сте во право. Моите колеги го обожоваа: спектакл во Дизниев стил, изненадување кое се случуваше, крешендо со неколку десетици џез соучесници, прстен испреплетен од влакната од брадата на нејзиниотсакан, птици и глувци тренирани во стилот на екипата за изработка на облеката во Пепелашка, пишува Flare.

Само мене не ми се допадна тоа видео. Го мразев. А кога им го кажав ова на своите соработници, реагираа како да реков дека ја мразам самата љубов. Што навистина не е случај.

Токму затоа што ја сакам љубовта – заедно со пристојните вредности и уметничката воздржаност – го мразам тоа видео и сѐ поголемиот број јавни веридби на кои сме подложени. Тие грозотии неизбежно доаѓаат до мене кога луѓето ме означуваат во твитовите за нив.

Во најдобар и најдробронамерен смисол, претворањето на веридбите во јавен циркус изгледа незрело и погрешно. Во најлош случај, тоа одразува нарцисоидност и манипулација: „Гледаааааајтеееее меееее ситеееее! А кој би рекол НЕ со сите тие луѓе кои гледаат?“

Која е целта на модерните веридби? Да ѝ кажете на една личност дека уживате во нејзиното друштво повеќе од кој и да е друг и дека сакате со неа да оснивате семејство, само вие двајца?

И за кого го организирате ова? Тоа е само по себе настан за еден. Целокупната поента е дека станува збор за две лица и приватната поврзаност – поврзаност кја се гледа во јавноста, но никогаш не е целосно разбирлива однадвор.

Кој е смисолот на изведувањето на јавно запросување? Изведување на претстава.  За испотени туристи кои ќе фрлат паричка во вашата шапка, mo što ne žonglirate pсподелувате со јавноста значаен момент во својот живот – и во животот на некој за кој тврдите дека го сакате.

А кој е публика на таквата претстава? Секако, личноста која ја прашувате да се омажи за вас е тука, во првиот ред, но како се чувствува сведена на публика која сето тоа го набљудува – едно лице во морето други лица – гледајќи во сцена од сопствениот живот, наместо да биде учесник во него?

Се сеќавате ли кога кинескињата Хе Зи освои сребрен медал во триметарски скокови во Рио, наградувајќи ги така годините на напорен тренинг и соништата за олимписка слава? Не? Хммм, чудно! А се сеќавате ли кга нејзинотo момче истрча на подиумот откако ја прими медалата и ја запроси? Аха, еве го.

„Не знаев дека ќе ме запроси денеска“, им изјави потоа на новинарите. „И не очекував дека толку рано ќе се омажам“. Уф, звучи прилично возбудено, зарем не? Нема сомнение дека имала ист став како и неговиот во врска со бракот. А како можело и да биде поинаку кога нејзиниот личен романтичен момент го засени нејзиното големо професипнално достигнување?

Секако, повеќето јавни запросувања се веројатно добронамерни, а не присилни, но сепак постои во нив нешто бесмислено нарцисоидно во нив што ја потценува наводната романса.

Веќе станавме застрашувачко општество

Пред неколку години, пред да стане толку многу популарен „crowdfunding“, интервјуирав човек кој анонимно бараше донации за купување на огласен простор на Super Bowl за да ја запроси својата девојка. Се сеќавам дека беше прилично симпатичен и таинствен. Го прашав зошто го прави тоа: дали е неговата девојка голем навијач? Не е. Дали сака драматични гестови? Не баш. Дали е таа некој што би уживал во центарот на вниманието? Не, рече дека е прилично срамежлива.

Премногу често токму така изгледаат јавните запросувања: некој ќе се заживее во идејата, се занесува со размислувањето за тоа каква претстава ќе биде тоа, и целосно заборава на запросувањето и на лицето кое би требало да биде во центарот на вниманието.

Веќе станавме застрашувачко општество. Размислуваме за фотографијата која ќе ја објавиме на Фејсбук за да го обележиме настанот наместо да го живееме моментот додека е наш, или составуваме во главата твит кој ќе го напишеме за да објавиме „некои лични вести“…

Но, дојдовме до другото ниво на празнината кога почнавме со инженеринг на оментите од нашите животи – моменти кои се навистина, навистина важни – за да го максимизираме аплаузот или кликовите кои би можеле да ги добиеме од туѓинците за кои не би требало да се грижиме, наместо да размислуваме за една личност заради која, наводно, и го правиме сето тоа.

А ние останатите – па искрено, остатокот од вас, откако се одвоив од своите вџашени колеги од Sportnet, нема да имам ништо со вакви работи – го засилуваме овој нагон секој пат кога споделува едно од таквите видеа и му помагаме да стане вирален.

Затоа, не го правете тоа. Токму како што можете да се договорите со своите пријатели да ги оставите своите телефони на средината на масата и да ги игнорирате кога ќе излезете на вечера, можеби ако престанеме да обрнуваме внимание на јавните просидби, тие ќе изумрат, а сите ние ќе можеме да живееме малку повеќе реален живот.

Ако сте спортски настан и се случи нешто слично, прегрнете го својот внатрешен навивач во Филаделфија и гледајте како тукушто да сте го виделе Дедо Мраз.

А ако сте „жртва“ на една од тие гротескни претстави, ве молам кажете НЕ! Заминете си. Ако таа личност навистина ви се допаѓа и сакате да се омажите (дали сте апсолутно сигурни?), наведнете се и тивко кажете му дека за тоа ќе разговарате подоцна на само. Ви гарантирам дека никој кој е присутен на тој натпревар нема после тоа да се обиде да направи јавно запросување.

Она што му треба сега на светот е љубов, вистинска љубов“.

Фото: Pixabey

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]